Трета оперативна зона на НОВ на Македонија
Трета оперативна зона на НОВ на Македонија | |
---|---|
Оперативни зони на НОВ и ПОМ (1943).jpg | |
Активна | април 1943 - 20 декември 1944 |
Земја | Македонија |
Битки | НОБ |
Трета оперативна зона на НОВ на Македонија ― Нејзиниот штаб бил формиран во почетокот на април, 1943 година.[1]
Територија
[уреди | уреди извор]Третата оперативна зона го опфаќала подрачјето источно од железничката линија Велес-Гевгелија, со градовите Велес, Кавадарци и Гевгелија. Со формирањето на Втората македонска бригада, на 20 декември 1943 година, со наредба од Главниот штаб на НОВ и ПОМ, бил укинат штабот на зоната. Во почетокот на август 1944 година, ова подрачје било припоено кон Втората оперативна зона со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Со истата наредба, се предвидувало оваа зона да го покрива просторот на поранешната Четврта оперативна зона (источна Македонија), каде што должностите на штабот на зоната ги вршел штабот на Четвртата македонска бригада, а од крајот на септември Штабот на педесеттата дивизија. Оваа состојба се задржала до крајот на октомври 1944 година, кога се формирани корпусните области.[1]
Состав
[уреди | уреди извор]Под команда на штабот биле НОПО „Добри Даскалов“[2] и НОПО „Сава Михајлов“, а подоцна ѝ баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон и диверзантски групи.[1]
- Тихомир Милошевски - командант при нејзиното формирање[3]
- Никола Минчев - командант на Третата оперативна зона[4]
- Лазар Калајџиски - заменик командант[5]
- Коле Канински - политички комесар на Вториот баталјон на Третата оперативна зона[6]
- Цветко Узуновски - политички комесар[7]
- Мито Хаџивасилев - Јасмин - заменик политички комесар[8]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Прва оперативна зона на НОВ на Македонија
- Втора оперативна зона на НОВ на Македонија
- Четврта оперативна зона на НОВ на Македонија
- Петта оперативна зона на НОВ на Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 459. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ „На денешен ден -Формиран е „Вториот-Тиквешки батаљон„“. www.rtk.mk. Посетено на 2022-01-08.
- ↑ „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 233
- ↑ „НИКОЛА МИНЧЕВ“. sobranie.mk (англиски). Посетено на 2022-01-08.
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 660.
- ↑ „На денешен ден загина Коле Канински - АПЛА.мк - Без пардон за Битола“. apla.mk. Посетено на 2022-01-08.
- ↑ Андонов-Полјански, Христо (1981). Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје: Универзитет "Кирил и Методиј". стр. 490.
- ↑ Биографија на страницата на Собранието на Република Македонија