Данчо Бањански
Изглед
| Данчо Бањански | ||
| Роден | 10 јануари 1948 Кавадарци, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Познат | по улогите во: Каца Македонски народни приказни | |
| Занимање | глумец | |
Данчо Бањански (р. 10 јануари 1948 во Кавадарци) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1962 година како глумец аматер почнал да игра претстави во Театарот во Кавадарци, во 1972 година се вработил и останал сè до неговото пензионирање во Театар Кавадарци.
Филмографија
[уреди | уреди извор]Бањански има остварено бројни филмски улоги:[1]
| Година | Филм | Улога |
| 1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
| 1985 | Од зад грб ТВ-филм | |
| 1997 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 1999 | Каца ТВ-филм | Димо |
| 2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
| 2005 | Лудомарини лакардии ТВ-серија | |
| 2013 | Тиквешко востание ТВ-серија | |
| 2014 | Женски итроштини ТВ-филм | |
| 2015-2016 | Кавадаречки народни приказни ТВ-серија | |
| 2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
| 2020-2024 | Кавадаречки народни приказни ТВ-серија | |
| 2023 | Фениксот од Кавадарци ТВ-филм |
Награди
[уреди | уреди извор]- Прва награда за епизодна улоги за ликот Буки во претставата „Венчаница“ на републичкиот натпревар „Аматерски смотри“ во Битола (1962)
- Прва награда за машка улога за улогата Тој во претставата „Бумеранг“ на југословенскиот натпревар на Драмски смотри (1970)
- Прва награда за изведбата на „Очи“ од Ацо Шопов Републички натпревар во Србија (1976)
- Прва награда за машка улога за претставата „Незакопани мртовци“ од Жан Пол Сартр
- Награда за најдобра машка улога „Свадба“ од Васил Иљоски од жирито на републичкиот натпревар во Струмица
- Прва награда за најдобра машка улога за ликот Давид Штрбац од претставата „Јазовец пред суд“ на републичките Драмски смотри во Битола
- Награда „7 Септември“ на Општина Кавадарци (2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Danco Banjanski“. IMDb. Посетено на 23 јануари 2023.