Суперхикс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Суперхикс
Суперхикс во живо на еден од многуте фестивали
Биографски податоци
Потекло Скопје, Македонија
Жанрови ска-панк, реге
Период на активност 1993 – денес
Издавачи Литиум Рекордс, Југотон Рекордс,
Мреж. место superhiks.mk
Членови
Петар Младеновски
Борис Минов
Дарко Попов
Симе Златков
Александар Спасовски
Бранко Илиевски
Гоце Лалковски

Суперхикс — македонска ска-панк група со реге, латино, џез, свинг и балкански музички влијанија. Групата била формирана во 1993 година, од три средношколски другари: Петар Младеновски, Зоран Жежов - Кечо и Борис Минов. На почетокот, „Суперхикс“ свиреле мелодичен панк/хардкор, но подоцна, во групата била вклучена и тричлена дувачка секција составена од труба, тромбон и флигел хорна, како и моќен перкусионистички сет, воден од Гоце Наумов - Индијанецот.

Во својата кариера, „Суперхикс“ ја делеле сцената со големи имиња од светската музичка сцена, како: Ману Чао и Радио Бемба Саунд Систем, Хаус Оф Пеин, Грин Деј, Феит Но Мор,Д Хајвс, Гогол Бордело, Инер Сиркл, Фан Ловин Криминалс, Тито и Тарантула, Хенри Ролинс, Рико Родригез (Спешлс), Фишбоун, Фандаментал, Морчиба, Хладно пиво и многу други.

Име[уреди | уреди извор]

Името на групата доаѓа од Суперхик, лик од стрипот "Алан Форд". Суперхик е лик кој краде од сиромашните и дава на богатите, а сето тоа го постигнува со својот смрдлив здив. Суперхик е тотален антихерој во стрипот Алан Форд.

Значајни настапи[уреди | уреди извор]

  • Hodokvas (Словачка), 2004
  • Фестивал "Таксират", 2003, 2008
  • EXIT Festival (Нови Сад), 2003, 2008, 2011
  • Pepsi Sziget (Будимпешта), 2002, 2003, 2014
  • Rock Otocec (Ново Место, Словенија), 2002
  • Фестивал "Аларм" (Љубаништа), 2002
  • Zagreb Open Air (Загреб)
  • Nisomnia Fest (Ниш)
  • Десет години "Суперхикс" (Скопски саем, Скопје), 2004
  • Дрти Олд Фестивал (Славонска Пожега, Хрватска), 2003, 2006,2007,2009
  • Загреб Ин Мјузик фестивал, 2007, 2011
  • Панк Рок Холидеј (Толмин, Словенија), 2011
  • Праг Сити Фестивал (Прага, Чешка Република), 2011
  • Концерт на "Феит Ноу Мор"(Букурешт), 2010
  • Колинг Фестивал, концерт на "Грин Деј" (Белград), 2013
  • Фестивал Дер Културен (Берлин), 2005
  • Бунтрепублик Фест (Дрезден), 2008, 2012,
  • Концерт (Сиена, Италија), 2010
  • Шенген Фест (Виница, Словенија), 2011
  • Зеница Зове Фест (Зеница, БиХ), 2010, 2011
  • Врло Добар Фестивал (Сараево БиХ,) 2010
  • Концерт (Ноќен клуб "Colosseum", Скопје), 2010
  • Региус Фестивал (Шибеник), 2012
  • Маск Фест (Птуј), 2012
  • Лејк Фестивал (Скадарско езеро), 2011
  • 18 години "Суперхикс" (Метрополис Арена, Скопје), 2012
  • Аква Парк Фест, 2013
  • Лент Фестивал (Марибор), 2005, 2006, 2009, 2013
  • Зигет Фестивал (2014, Будимпешта УНГ)
  • ПИВОЛЕНД Скопје (2010,2011,2013,2015)
  • Тиквешки Гроздобер (2012,2015)
  • Виноскоп Скопје (2011,2012,2015)
  • Таксират Фестивал Скопје (2003,2009)
  • Сисплеш Фестивал (2015, Пула ХР)
  • БАФ Фестивал (Михољац ХР)
  • Самостојни концерти Скопје (Скопски Саем 2004, Колосеум 2010, Метрополис Арена 2012)

Членови на групата[уреди | уреди извор]

Сегашни членови[уреди | уреди извор]

Поранешни членови[уреди | уреди извор]

  • Ивица Ивановски - Папак - тромбон
  • Коста Велков - саксофон
  • Зоран Жежов - Кечо - тапани
  • Димитар Тодоровски - Диме - флигел хорна
  • Горан Папазоски - Папаз - тенор саксофон

Дискографија[уреди | уреди извор]

Демо изданија[уреди | уреди извор]

  • ЈОДЛЕ (1995)
  • Е.П. МУЗИКА ЗА ВЕСЕЛИ И ТАЖНИ (1999)

Студиски албуми[уреди | уреди извор]

  • 2001: Чекај бе викам, каде бе малку... (Литиум рекордс)
  • 2003: Трумано (Литиум рекордс)
  • 2008: И сега што? (Литиум рекордс)
  • 2012: Африка (он-лајн издание, се уште неиздадено на ЦД)

Компилациски изданија[уреди | уреди извор]

  • 10 Мост (ХОПС Рекордс 2000)
  • СКА Фактор Позитив (Охохо Рекордс, Словенија, 2003)
  • United Colors of SKA (Pork Pie Records,Germany, 2007)
  • Credit To the Nation TRIPLE CD (STROEJA Rec. Bulgaria 2008)
  • SKA Generation (BRP Records, Russia, 2003)
  • Македонија навива! (АМС Македонија, 2008)
  • Најдоброто од Македонија (АМС Македонија, 2011)
  • Pridigarji 25 years (Giljotina Rec. Slovenija, 2013)
  • The best of 20 so far... (компилација на најголемите хитови, 2014)

Албуми во живо[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]