Тодор Камчев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тодор Камчев Петров е тиквешки војвода, учесник во македонско-одринско ослободителните борби од 1903 до 1908 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодор Камчев е роден во Неготино, во 1880 година,[1] син на сиромашни родители, кои сакале да го школуваат, но немале финансии за тоа. Откако завршил трети клас во прогимназијата во Штип, не можел да си плати школување во Солунската гимназија. Назначен е за учител во с. Барово, а следната година во с. Клиново. Уште како ученик во Штип, воспоставил врски со ВМРО, и служел разнесувајќи разни писма, куршуми, револвери и друго.[1] Од почетокот на 1903 година, зел активно учество како член на Градското раководно тело и како војвода на месната чета, а подоцна и како член и секретар на Околиското раководно тело, сè до крајот на самиот Уриет во 1908 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Револуционерните борби во Тиквешијата, спомени и материјали, ДАРМ, Скопје, 2001, стр. 569