Даниела Колева
Даниела Колева | |
---|---|
Пратеничка на Собранието на Република Македонија | |
На должноста 2020 – 2024 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Даниела Колева 17 мај 1980 Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ |
Државјанство | Македонија |
Националност | Македонка |
Партија | СДСМ |
Занимање | м-р по менаџмент на човечки ресурси |
Даниела Колева (р. Кавадарци, 17 мај 1980) — македонска пратеничка во Собранието на Република Македонија од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024.
Животопис
[уреди | уреди извор]Даниела Колева е родена на 17 мај 1980 г. во Кавадарци. Таа била македонска пратеничка во Собранието на Република Македонија од страна на СДСМ во пратеничкиот состав 2020-2024.[1] Нејзините дејности како пратеничка можат да се проследат како член на повеќе комисии и тоа: законодавно-правна комисија, комисија за образование, наука и спорт, комисија за еднакви можности на мажите и жените и комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Таа е магистерка по менаџмент на човечки ресурси на Филозофскиот факултет — Скопје.
Колева, во 2025 година била избрана за претседателка на Форумот на жени на СДСМ.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Даниела Колева“. https://www.sobranie.mk/socijaldemokratski-sojuz-na-makedonija-2020-2024.nspx. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „Даниела Колева за претседателка на Форумот на жени на СДСМ“. Либертас.мк. Посетено на 26 јануари 2025.