Ефтим Манев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења видете Ефтим Манев (појаснување)
Ефтим Манев
Роден 25 јануари 1931
Македонија Кавадарци, Македонија
Починал 16 март 2010
Скопје
Занимање Писател

Ефтим Манев (Кавадарци, 25 јануари 1931 - Скопје, 16 март 2010) бил македонски поет и преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ефтим Манев е роден во Кавадарци на 25 јануари 1931 година. Завршил средно образование. Потоа студирал славистика на Универзитетот во Скопје. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга и на списанието Современост. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на стихозбирките: Моклишките ангели (1973), Ѕвездата на Витлеем (2000). Добитник на наградите: За превод - „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“, наградата на РКПЗ за најдобар превод на годината. Во 2006 е добитник на Повелбата „30 септември“, што традиционално се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна активност во оваа област[1]. Неговиот преведувачкиот опус е сочинет од над 80 прозни и поетски дела, од кои најмаркантно е ремек делото на руската и светска литература романот "Тивкиот Дон" од Михаил Шолохов. Починал на 16 март 2010 во Скопје[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ДОДЕЛЕНИ КНИЖЕВНИ ПРЕВЕДУВАЧКИ НАГРАДИ Повелбата 30 септември за Евтим Манев“, Вечер, 5 септември 2006 (конс. 18 март 2010 г). (на македонски)
  2. Настеска, Ивана (17 март 2010, 16:21). „Почина писателот Ефтим Манев“ (на македонски). makfax. http://makfax.com.mk/_tools/article/102122/view. конс. 18 март 2010 г.