СУ „Киро Спанџов - Брко“ - Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Киро Спанџов – Брко

Место
Општина: Кавадарци
Место: Кавадарци
Основни информации
Контактни информации
Портал kirospandzov.schools.edu.mk

„Киро Спанџов – Брко“ — средно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Бистата на патронот Киро Спанџов - Брко во училиштето.

Писмени докази за постоењето и работата на училиштето постојат уште од 1919 година под името „Занатлиско трговачка школа“. Подоцна од учебната 1923/33 година училиштето го добива името „Стручно продужена школа“. Во него во периодот од 1933 до 1936 година се школувал и Киро Спанџов, изучувајќи го берберскиот занает. По војната училиштето продолжува со работа и врши образување кадри за потребите на тогашното стопанство под името „Општо занаетчиско училиште“. Во учебната 1965/66 година се менува името на училиштето во „Училиште за ученици во стопанството“ и за првпат е под патронство на Киро Спанџов. Во учебната 1965/66 година преминува во „Индустриско училиште со практична обука“, а од 1978/79 година станува „Училиштен центар за средно образование“ Киро Спанџов – Брко.

Денес ова е современо училиште во кое се застапени електротехничката и машинската струка со профили од три и четиригодишно трење на образованието. Денес 617 ученици ја чувствуваат возбудата и гордоста во моментот на создавањето на нова вредност, новиот производ, произлезен од нивните раце. Околу 60 ученици во училиштето се подготвуваат да станат идни електро и машински инженери. Благодарение на високо стручниот кадар, современо опремените кабинети и работилници од ова училиште се излезени најдобрите електромеханичари, електроинсталатери, бравари, металостругари, автомеханичари и други вредни работници корисни за себе и средината во која работат. Многу наши поранешни ученици денес се носители на производниот процес во Мик, Фени Индустри, Рудкоп, ЦМЕР, ГТИ, Електродистрибуција, ХЕЦ Тиквеш и други претпријатија во нашата и соседните општини. Наша визија е во иднина да оспособиме уште повеќе кадри, од уште повеќе занимања за што сме оспособени материјално-технички и кадровски.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]