СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорче Петров

Место
Општина: Кавадарци
Место: Кавадарци
Адреса: ул. Шишка бр.23
Основни информации
Основано: 1956; пред 68 години (1956)
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал https://www.sozsugjp.edu.mk/

„Ѓорче Петров“ — средно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци[1].

Основање и развој[уреди | уреди извор]

Бистата на патронот Ѓорче Петров во училиштето.

Претходница на ова училиште било основано во 1945-46 година кога била создадена една шумарска паралелка во рамките на Дрвното Техничко училиште “Здравко Цветковски” од Скопје. На 16 јули 1956 година, преку решението број 14982 на титовелешката околија,[2] средното земјоделско-шумарско училиште било основано со двете насоки – општа шумарска (две паралелки) и лозаро-винарска (една паралелка). Од 1965 до 1984 година училиштето се поделило и се обликувале две училишта, шумарски училиштен центар и лозаро-винарски училиштен центар, кои во учебната 1983-84 година повторно биле споени.

Од работата на училишниот центар од 1965 година добиени се и оформени следните производни објекти за обавување на практична настава:[2] Декоративен расадник; Оранжерија; Ботаничка градина; Работилница; Ниско стеблеста шума – “Љубаш”; Наставно-научна шума – “Михајлово”; Полигон за обука на шумарски работници, а по интеграцијата во учебната 1983-84 година изградена е нова зграда на училишниот центар од 2000 м2, работилница за дрво-преработувачка струка, машинаска работилница, обновени се оранжериите, преуреден е училишниот двор, асвалтирани се спортските игралишта, патеките и училишниот двор и започната е изградбата на објектот за теренска настава во месноста Михајлово.

Во 1987 година, училиштето било проширувано.[2]

Од 1992 година училиштето го носи називот СОЗШУЦ “Ѓорче Петров”. Училиштето како воспитно-образовна и стручна установа континуирано постигнува забележителни резултати во образованието, воспитанието и стручното оспособување на кадрите. Училиштето го посетуваат 716 ученика расподелени во 24 паралелки во четири наставни години, а во него работат 50 наставници, и се школуваат кадри од 4-ти и 5-ти степен стручна подготовка. Училиштето поседува и библиотека со книжен фонд од над 13 000 книги. Во училиштето се школуваат ученици од сите краишта на државата.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Во месец мај 2010 година на „Државната смотра на млади техничари“ одржана во Гостивар, во приватното средно училиште Јахја Кемал, ученикот Попов Митко од III-3 клас, освоил трета награда на државно ниво, во дисциплината информатика - примена на софтвер. Ментор на ученикот бил професорот по информатика Тодоров Ѓоко.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

  • Љупчо Бубо Каров - К15 продукција
  • Ѓоко Танески - пејач, претставник на Евросонг од Македонија
  • Горан Самарџиев - кошаркар
  • Колев - ракометар
  • Ацо Трендафилов - професор на Шумарски факултет

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија
  2. 2,0 2,1 2,2 „Лична карта“. sozsugjp.edu.mk. Посетено на 17 декември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]