Ареа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ареа
ПотеклоГостивар, Македонија
ЖанровиРок
Период на активност1991–денес
Членови
Ружица Милошеска Брчиоска (вокал)
Ивица Брчиоски (гитара)
Чеде Петрески (бас-гитара)
Горан Брчиоски (клавијатури)
Владе Антески (тапани)

Ареа е музичка рок-група од Гостивар.

Музичка кариера[уреди | уреди извор]

Почетоците[уреди | уреди извор]

Групата е основана во 1991 година, а првата нејзина песна била „Нека љубовта биде вистина“.[1] Во 1992 година, групата настапила на „Поп рок Фест“ во Скопје, каде што го освоила првото место и го снимила својот прв албум.[2]. Албумот, насловен „Случајно тука“ бил прогласен за дебитантски албум на годината. По издавањето на албумот, групата настапувала низ Македонија до крајот на 1994 година, по што направила подолга пауза.

Годините на успех[уреди | уреди извор]

Во 1999 година, групата повторно се вратила на сцената, со потпишување на договорот со „Авалон продукција“. Во меѓувреме, тапанарот Душко ја напуштил групата, а на негово место дошол Драган Матески - Гаге, а набргу на групата ѝ се приклучил Владе Антески, како ритам гитарист. Во 2000 година, излегол албумот „Врати на имагинација“ кој постигнал дотогаш невиден успех на македонските простори. Песната „Сите мои слики“ станала голем хит, а групата уживала популарност како никој дотогаш. На крајот, сето тоа кулминирало со концертот на „Скопски саем“, кога поради неочекувано големиот интерес, голем број обожаватели не успевале да влезат во преполнетата сала. За нив, „Ареа“ отсвириле уште еден концерт во „Универзална сала“.


Во периодот од 2000-2003 година групата одржала преку 80 концерти во Македонија, на просторите на поранешната СФРЈ и во Бугарија. Во 2001 година излегол живиот албум „Да пеам... Сепак можам!“, снимен на концертот одржан во „Универзална сала“. Во 2002 година излегол студискиот албум „Нешто недостасува“ кој звучи малку помрачно од претходните, но сепак, групата не ја изгубила популарноста и на 23 октомври 2002 година направила успешен концерт на „Скопски саем“. Во 2005 година, групата го објавила албумот „Теби близу“ за ПГП-РТС на српски јазик, што претставувало обид за пробивање на поранешните југословенски простори.

Годините на зрелост[уреди | уреди извор]

Во ноември 2008 година, групата го издала својот шести албум насловен како „Сè што сакам си ти“, по што следувала концертна промоција. Во 2013 година, групата ја објавила песната „Запознај ме“.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Андријана Андова, „Љубовната приказна ни почна на матурската вечер“, Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 5.
  2. http://www.area-band.com/mkd/index.html
  3. http://www.mkd.mk/zabava/domashna/shto-mislite-za-novata-pesna-zapoznaj-me-na-grupata-area

Надворешни врски[уреди | уреди извор]