Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Гимназија „Добри Даскалов“ | |
Лого на гимназијата | |
Место | |
Општина: | Кавадарци |
Место: | Кавадарци |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | www.dobridaskalov.edu.mk |
„Добри Даскалов“ — средно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци[1].
Мисија и цел
[уреди | уреди извор]Во време на брз технолошки развој, глобализација, информатичка револуција и реформи во образовнието, се трудиме, подготвени да го дочекаме, прифаќајќи ги промените и новонастанатите услови како предизвик, борејќи се за својата позиција и афирмација со постигнување на нови применливи знаења, квалитет, иновативност и искористување на сите внатрешни потенцијали на училиштето. Знаењето е едно од ретките нешта што можат да се даваат и да се примаат безгранично. Мисијата на сите наставници е несебично да го делат знаењето на сите ученици што сакаат да го усвојат и да го примат. Наша цел е да ги мотивираме учениците како да учат, со креативни методи и техники коишто постојано ги усовршуваме, со најновите средства на информатичката технологија, што постојано ги обновуваме. Знаењето го создаваме, го пренесуваме и го имплементираме кај сите наши ученици.
Основање и развој
[уреди | уреди извор]Гимназиското образование во Кавадарци датира уште од 1897 година, кога Бугарската егзархија отвора нижа гимназија застапена во два класа-први и втори. Во учебната 1907/08 година, гимназијата станува трикласна и како таква работи до 1913 година, кога е укината со влегувањето на српската окупаторска власт во Вардарскиот дел на Македонија.
Со започнувањето на Првата светска војна биле направени обиди за повторно воспостваување на гимназиското образование, преку испраќање на барање од Општинскиот одбор на Кавадарци до Министерот за просвета и црковни прашања во Белград, но поради тешките воени услови, барањето не е прифатено. По воспоставувањето на бугарската власт во текот на Првата светска војна, поточно од декември 1915 година, во учебната 1916/17 и 1917/18 година, продолжила со работа порано формираната прогимназија.
По завршувањето на Првата светска војна и повторното воспоставување на српската окупаторска власт, во октомври 1919 година, со дозвола на српскита политичка и школска власт во Кавадарци, отворенае е трикласна гимназија која работи сè до 1929 година, кога со шестојануарската диктатура се затворени скоро сите гимназии во Вардарска Македонија. Во периодот од 1929 до 1938 година работи Граѓанска школа, а во 1938 година наместо граѓанска школа отворена е нижа гимназија која работи сè до капитулацијата на Југославија. Во текот на Втората светска војна, бугарската окупаторка власт отвора гимназија која работи сè до ослободувањето на градот. Гимназијата во овој период претставува јадро на раволуционерните идеи, носител е на сите акции во градот и претставува значајна база за пополнување на партизанските единици со нови борци.По завршувањето на НОВ, највисокиот државен орган, АСНОМ, донесува одлука за отворање на повеќе гимназии и технички училишта , меѓу кои е и нашата Гимназија. Отпочнува со работа на 5 февруари 1945 година, во старата зграда (денес ОУ „Страшо Пинџур“) под името Јосип Броз Тито. Работи како полна Народна гимназија со застапеност од I до VIII клас, а наставата се изведува на мајчин македонски јазик (стандарден).
На полугодието од учебната 1955/56 година, поточно на 1 февруари 1956 година, Гимназијата се вселува во новата зграда која не е целосно доградена. Новиот дел како анекс кон зградата, е дограден дури во периодот од 1974 до 1976 година, со што гимназијата се здобива со кабинети и лаборатории по повеќе наставни предмети, библиотека, читална, свечена сала, фискултурна сала со потребните соблекувални и кабинет за наставниците.Во 1956 година, со новата реформа во образованието, одлучено е да се намали гимназиското во корист на стручното образование. За таа цел, во рамките на Гимназијата се отвора Економско училиште, а веќе во учебната 1956/57 година во прва година се запишуваат само економски паралелки. Во состав на Гимназијата и економското училиште, работи и лозарско-шумарско училиште, кое после неколку години се издвојува како самостојно средно училиште. Овие реформи траат до 1960 година, кога повторно е воведено гимназиското образование, а во состав на Гимназијата се и економските паралелки. Застапени се две насоки, општествено-јазичната и природно математичка. Гимназиското образование се одвива сè до 1982 година, кога наполно е укинато поради новите реформи во средното образованието, каде што му се дава предност на средното насочено образование. Па така, од учебната 1982/83 година нашата Гимназија се преструктуира во Училиште за средно образование и има четири струки: математичко-информатичка, биотехнолошка, правна и биротехничка. Овој концепт се применува сè до учебната 1989/1990 година.
Во учебната 1991/92 година со повторното воведување на гимназиското образование е дозволено културолошката и математичко-информатичката струка да се преструктуираат во гимназиски насоки, а Училиштето за средно образование си го враќа името Гимназија. Се упишуваат по 6 паралелки: 2 општа гимназија, 2 природноматематичка гимназија и 2 правна струка. Од основањето, во 1945 година па сè до 1994 година, Гимназијата го носи името „ Јосип Броз Тито“. Во 1994 година, по предлог на Републичката комисија при Министерството за образование и физичка култура е одлучено Гимназијата да го носи името на познатиот војвода од Тивешијата од илинденскиот период- Добри Даскалов.
Гимназијата денес
[уреди | уреди извор]Наставата во училиштето се одвива во една зграда на два спрата каде се изведува и теоретска и практична настава. Истата, се одржува во две смени, претпладневна и попладневна смена. Училиштето има вкупно 16 училници опремени со компјутер за секое дете, интернет, кабинети по информатика, биологија, хемија, физика и ликовна уметност, опремени со компјутери и основни наставни нагледни средства. Има кино-сала опремена со компјутер, двд, тв, лцд проектор, пијанино и балетска сала што се користат за разни презентации, предавања, работилници, состаноци, културно-уметнички манифестации и сл. Гимназијата поседува и библиотека, која располага со книжен фонд од околу 10.000 наслови на литература за ученици и наставници. Во библиотеката има и компјутери со вклучен интернет.
Заради потполна безбедност на учениците и наставниците, училиштето е целосно опремено со видео надзор. Располага и со современа техника, како голем лцд, тв и двд поставени во холот на училиштето, потоа лцд проектори и сл. каде се прикажуваат проекти, презентации, соопштенија, видео реклами. Гимназијата располага и со голема спортска сала опремена со сите потребни реквизити и справи за реализирање на сите видови на спорт. Постојат и две соблекувални за учениците, машка и женска, комплетно опремени со тоалет и туш кабини. Има и повеќе спортски терени: игралишта за ракомет, кошарка, фудбал, тенис, мини игралиште за фудбал со вештачка трева. Поседува и уреден училиштен двор кој постојано се доуредува и оплеменува за негов поубав изглед. Има и посебни канцеларии за административниот дел: директор, секретар, наставници, педагог, психолог, актив по странски јазици, актив по македонски јазик и литература, актив по природни науки, актив по општествени науки кои се опремени со компјутери, печатачи, интернет и стручна литература.
Професионален развој на наставникот, соработничкиот и другиот персонал
[уреди | уреди извор]Во последните неколку години во нашето училиште континуирано се реализираат повеќе обуки за професионално усовршување на наставниот и стручниот кадар. Ќе споменеме дел од нив, како на пример: „Примена на информатичката технологија во наставата“; „Активни методи во наставата“; „Унапредување на оценувањето во училиштата“; „Планирање и оценување во тек со современите трендови во образованието“; „Нова улога на наставникот - квалитетна настава“; „Електронско тестирање и оценување“; обуки за вешто и безбедно користење на интернет; обуки за користење на новиот софтвер за компјутери Edubuntu; и многу други. Поголем дел од наставниците се оспособени за користење на компјутери, а дел од нив познаваат странски јазици и се подготвени се за промени, за тимско работење, комуникација и сл. Постојано учествуваат и посетуваат семинари и презентации каде ги следат новите текови на воспитно-образовниот процес. Не изостанува и самоиницијативното учење на наставниците од разни извори (интернет, стручна литература, размена на искуства) и сл. Гимназијата „Добри Даскалов“, Кавадарци е средно општинско училиште со долга и богата традиција. Во текот на својата историја училиштето има стекнато препознатливи белези на стручност, успешност, професионалност, одговорност и просперитет.
Од учебната 2012/13 година Гимназијата “Добри Даскалов“ Кавадарци активно учествува во проектот Википедија во вашето училиште, каде група ученици од нашето училиште под менторство на своите професори учествуваат во создавање на нови и уредување на веќе постоечките станици на Википедија на македонски јазик преку училишниот проект Википедија:КАДД.
Наставни програми
[уреди | уреди извор]При Гимназијата “Добри Даскалов“ Кавадарци има две наставни програми: Наставна програма за гимназиско образование и Наставна програма за средно стручно образование.
Гимназиско образование
[уреди | уреди извор]Наставната прграма за гимназиско образование во Гимназијата “Добри Даскалов“ Кавадарци се спроведува во пет класа, во секоја од четирите години на школувањето. Наставниот план е структуиран од 3 организациско-содржински компоненти:
- Задолжителни предмети
- Изборни предмети
- Проектни активности
Во прва година ученикот ги изучува задолжителните предмети според наставниот план за прва година. Задолжителните предмети опфаќаат содржини од современото општо образование. Во оваа година не постојат изборни предмети. Тоа значи дека прва година е иста и заедничка за сите ученици во гимназиското образование.
Во втора година ученикот ги изучува задолжителните предмети според наставниот план за втора година и еден изборен предмет кој ученикот го избира од списокот на изборни предмети според своите желби, интереси и способности:
- Информатичка технологија
- Класични јазици(старогрчки или латински)
- Елементарна алгебра и геометрија
- Говорење и пишување
- Етика
Во трета година ученикот ги изучува задолжителните предмети според наставниот план за трета година и изборните предмети од изборното подрачје за кое ученикот се определил. Има вкупно пет изборни подрачја од кои може да избира ученикот: Природно-математичко подрачје,комбинација А (ПМ-А)
- Линеарна алгебра и аналитичка геометрија
- Алгебра
Природно-математичко подрачје,комбинација Б (ПМ-Б)
Општествено-хуманистичко подрачје,комбинација А (ОХ-А)
- Вовед во правото
- Социологија
- Латински јазик
Општествено-хуманистичко подрачје,комбинација Б (ОХ-Б)
Јазично-уметничко подрачје, комбинација А(ЈУ-А)
- Трет странски јазик (француски, германски)
- Класични јазици (латински)
- Педагогија
И во четврта година ученикот ги изучува задолжителните предметиспоред наставниот план за четврта година и изборните предмети од изборното подрачје кое веќе го избрал во трета година. Изборни подрачја и предмети:
Природно-математичко подрачје,комбинација А (ПМ-А)
Природно-математичко подрачје,комбинација Б (ПМ-Б)
Општествено-хуманистичко подрачје,комбинација А (ОХ-А)
Општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б (ОХ-Б)
Јазично-уметничко подрачје, комбинација А (ЈУ-А)
- Трет странски јазик (француски, германски)
- Класични јазици (латински)
- Психологија
- Компаративна книжевност
Проектните активности се посебно подрачје во Наставниот план, чијаштофункција е задоволување на поединечните интереси и желби на ученицитево одделни области. Тие се специфични и се разликуваат од наставните предметипоради што се реализираат во рамките на годишниот фонд на часови (со по 70часа) од I до IV година, по слободен избор на ученикот
Средно стручно образование
[уреди | уреди извор]Наставната прграма за средно стручно образование во Гимназијата “Добри Даскалов“ Кавадарци се спроведува во два класа, во секоја од четирите години на школувањето, изразена преку два стручни профила:
Учество на натпревари и освоени награди во учебната 2011/12
[уреди | уреди извор]Име на ученикот | Наставен предмет/Област | Ниво на натпревар | Освоенанаграда |
---|---|---|---|
Ѓорѓи Шемов | Биологија | Интернационална олимпијадаСАД | Бронзен медал |
Никола Богески | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Онче Мешков | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Митко Митревски | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Ангела Андонова | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Трајанка Мицковска | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Никола Тасев | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Трајче Мајсторов | Театарска претстава „Коштана“ | Меѓународен натпревар Банско | II место |
Благица Ѓорѓиева | Театарска претстава „Коштана | Меѓународен натпревар Банско | Диплома за најдобар глумец |
Рајне Илиевска | Македонски јазик | Републички | II место |
Љупчо Петров | Математика | Државен | II место |
Андријана Таева | Француски јазик | Државен | III место |
Надица Атанасовска | Биологија | Национален„Млади репортери“ | II место |
Македонка Керова | Географија | државен натпревар на млади истражувачи | II место |
Маријана Јаневска | Географија | Државен | III место |
Љупчо Петров | Астрономија | Државен | II место |
Љупчо Петров | Физика | Светски,Естонија | Пофалница |
Владимир Петров | Информатика | Државен | II место |
Ристе Наумов | Карате | Државен | I место |
Рајне Наумова | Карате | Државен | III место |
Неда Волчева | Крос(трка на 1200 метри) | Меѓународен,Сандански | III место |
Ивона Крстева | Пинг-Понг | Државен | III место |
Фиданка Василева | Скок во височина | Гимназијада | III место |
Анастасија Еленова | Фрлање ѓуле | Гимназијада | I место |
Валентина Лазарова | Трчање на 800 метри | Гимназијада | II место |
Елица Бошева | Скок во височина | Гимназијада | II место |
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Училница
-
Училишна библиотека
-
Холот на Гимназијата
-
Дел од презентацијата Мојата идна професија
-
Театарска претстава Во ритамот на љубовта
-
Подготовка за училишна изложба
-
Спортска сала при Гимназијата
-
Чествување на патрониот празник