Прејди на содржината

Марјан Коцев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Коцев
Животописни податоци
Роден(а)20 мај 1975
Кавадарци, СФРЈ СФР Југославија
ПотеклоМакедонија Македонија
ЖанровиНародна музика, фолк музика
Занимањапејач
Период на активност1994 - сè уште

Марјан Коцев (р. 20 мај 1975 во Кавадарци) — македонски пејач на македонска фолк музика.

Почеток на кариерата

[уреди | уреди извор]

Марјан Коцев музичката кариера ја започнал во 1994 година, објавувајќи ја песната „Чија ли си девојко“ на Тодор Трајчевски (музика) и Орце Зафировски (текст), а веднаш потоа настапува на фестивалот за новокомпонирана народна музика „Цветници“ со песната „И на Цветници“ од кантавторот Јане Коџабашија. Како млад интерпретатор, учествува речиси на сите фестивали, пеејќи песни кои брзо стануваат хитови. Следната година, ’95, настапил со сега веќе хит, „Солзи нека пресушат“ и неговата кариера тргнала по нагорна линија. Истата година настапува на „Тетовски филиграни“ со веселата „Бекрија љубовџија“ на Сашко Велков и Орце Зафировски, на Фолк фест Валандово ја изведува љубовната „Бела Јасмина“ на Димитар Чемков и Александар Тарабунов, освојувајќи второ место од жири комисијата.  Набрзо станува звучно име на македонската естрада. Неговото име редовно се наоѓа на фестивалските списоци на Тетовски фолк фест, Филиграни, Валандово, Цветници... Се нижат насловите: „Свадба правам јас“, „Роден сум за песна“, „Печалбарска“, и тогаш  од него најголемиот хит „Љубовен танец“ изведен на „Тетовски фолк хит“ во 1998 год, по чиј наслов е насловена и првата касета во продукција на МРТВ.

Во време на почетоците, има снимено неколку архивски снимки за продукцијата на МРТ. Има одржано повеќе концерти во Австралија, Kaнада, Америка, Швајцарија, Германија, Малта, Италија...

Коцев има објавено 3 албуми од кои еден е двоен албум, 1 компилација „Најдоброто од Марјан Коцев“ и двд издание од јубилејниот концерт од 2014 год. Дел од кариерата беше член на групата Дрим тим со која има остварено неколку видео проекти и аудио материјали, а имаат и настапувано како група Дрим тим.

Трет студиски албум - Крал на жените (двоен албум) - 2013 год. ЦД 1 - авторски / ЦД 2 - народни
Во 2014 год. прослави 20 години јубилеј со голем концерт во Универзална сала.

Фестивалски настапи

[уреди | уреди извор]
  • Цветници - И на Цветници ('94) / Солзи нека пресушат ('95)
  • Фолк фест Валандово - Бела Јасмина ('95) / Верице, лична Верице ('96) / Лузни љубовни ('98) / Срце јужно (2004) / Ергенлак, пашалак (2005) / Уште ли ерген да одам (2006) / Земја ветена (2009)
  • Тетовски фолк фест - Свадба правам јас ('96) / Љубовен танец ('98) / Роден сум за песна ('99) / Сите песни љубовни (2002)
  • Охридски трубадури - Прва љубов ('95)
  • Тетовски филиграни - Бекрија љубовџија ('95)
  • Роса фест - Запејте браќа (2001) / Ти, само ти (2004) / Дајте вино сите нека пијат (2006) / Песна за Дрим тим (2009) / Крал на жените (2010 - со Дрим Тим / Аманет - со Никола Коцев (2019)
  • Пирин фолк Сандански, Бугарија - Земја ветена (2009)
  • Тумба Фест - Европска (2019) / Жута љута (2020)
  • Прилеп фест - Најзгодна (2012) / Виртуелна приказна (2022)
  • Фолк хит
  • Спасовден - Ајде, ајде моме Стојне (со Е. Велевска-2012) / Девојче бело црвено (2013)
  • Илинденски етно фест - Од умот се подизгубив (2014)


Во 2009 година учествува на „Пирин фолк Сандански“ во Бугарија со композицијата „Земја ветена[1]“ и се закитува со награда Прв исполнител“, а во 2023 година на Избор на Фолк хит истата композиција е прогласена за Песна на дијаспората.

Учествувал и на хуманитарниот концерт во чест и сеќавање на Секула Пупиноски, „Врати се како што замина ти[2]“ во 2012 год. По повод 20 години од кариерата,  во 2014 година одржа јубилеен концерт насловен како „20 години Марјан Коцев“ [3]во Универзална сала, Скопје, во придружба на групата Дрим Тим. На концертот специјален гостин му беше г-дин Ефто Пупиноски, а покрај него беа Миле Кузмановски и Новица Василевски со кои го изведе вечно шармантниот хит „Место не ме држи, брате“, познат и како „Дајте вино сите нека пијат“.  Повторно солистички концерт имаше во 2018 година, наречен „Сите мои песни[4]" кој се одржа во Македонска опера и балет, во придружба на Група Дрим Тим, а специјална гостинка му беше Анета Љумаковска. По повод 25 години музичка кариера, во 2019 година започна турнеја по целиот свет, почнувајќи од Перт-Австралија, завршувајќи со 25. Концерт во родно Кавадарци на  Тиквешки гроздобер во придружба на Галакси Бенд. Беше гостин на концертите на Јордан Митев во Битола 2022 год. и на јубилејниот концерт на Дрим тим по повод 25. годишен јубилеј во Скопје, во 2024 година.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Албуми и аудио компилации

[уреди | уреди извор]
  • Љубовен танец [1999] - МРТ (Љубовен танец, Солзи нека пресушат, Печалбарска, Бекрија љубовџија...)
  • Ти, само ти [2008] - Сенатор Рекордс (Ти, само ти, Место не ме држи брате, Срце јужно, Ергенлак-пашалак, Меани, меани...)
  • Крал на жените [2013 - 2 цд] - Сенатор Мјузик (ЦД 1 - Крал на жените, Земја ветена, Виски, Пукај ми во грб, Најзгодна, Против сиот свет... ЦД 2 - Од умот се подизгубив, Сите ми велат среќен си, Врана коња јавам јас, Сакам да сум крај тебе...)
  • Најдоброто [2015] - Сенатор Мјузик

Видео изданија

[уреди | уреди извор]

Соработка на други проект

[уреди | уреди извор]
    • Дрим Тим  и Марјан Коцев со пријателите – во живо [ЦД/ДВД 2011]  - 8 песни
    • Дрим Тим – 7 песни од Марјан Коцев на проектот (Промотивно ДВД 2015)
    • Блех ансамбам Блезери – гостин со 2 песни – „Три години стана“ / „Меани, меани“  [2003]
  • Хитови: Љубовен танец / Бекрија љубовџија / Солзи врели нека пресушат / Запејте браќа / Ти, само ти / Крал на жените / Китен Девер...
    Спотови
СпотГодинаРежисер
Место не ме држи брате2006Група Биоритам
Најзгодна2012Бом ТВ
Земја ветена2012Бом ТВ
Јас сум Македонец2012Бом ТВ
Крал на жените2012Бом ТВ
Ива Ива најмила2013Бом ТВ
Китен девере2015ИН ТВ
Илино чедо2017ИН ТВ
  1. Marjan Kocev (2025-11-24), Marjan Kocev - Zemja Vetena [Leten Folk Hit na Godinata 2023], Посетено на 2025-12-30
  2. Momir (2012-03-15). „Голем хуманитарен концерт во спомен на Секула Пупиноски“. OhridNews (англиски). Посетено на 2025-12-30.
  3. Muzika24 (2014-04-12). „Универзална сала преполна за концертот на пејачот Марјан Коцев (Фото)“. Музика24. Посетено на 2025-12-30.
  4. Muzika24 (2018-03-30). „Многу емоции на едно место - Марјан Коцев ја наполни МОБ (Фото + Видео)“. Музика24. Посетено на 2025-12-30.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]