Струмичка каза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Граници на Струмичката каза.

Струмичката каза била административна единица во Отоманското царство која била дел од Солунскиот санџак. Центар на казата бил градот Струмица. Во неа биле сместени вкупно 67 населени места.[1] Првично, таа била дел од Румелискиот ејалет, кој потоа станува Солунски вилает. Управителот на Струмичката каза се нарекувал кајмакам. Првиот кајмакам на казата бил извесен Ибрахим Кади, кој доаѓа на власт во 1675 година.[се бара извор] Во 1900 година казата била населена од вкупно 40 882 жители.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К'нчов од 1900 година, во Струмичката каза живееле 40 882 жители, од кои:

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 23.602 57,73
Турци 14.930 36,51
Роми 1.650 4,03
Евреи 700 1,71

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В. Кѫнчовъ. „Македония. Етнография и Статистика“, 1900 г., стр. 159, 160, 161.
  2. В. Кѫнчовъ. „Македония. Етнография и Статистика“, 1900 г., стр. 282.