Маркова кула (Кавадарци)
Историски е познато дека првите градски куќи во Кавадарци почнале да се градат околу Марковата кула[1], кон крајот на 18 век. Постои поделено мислење за адаптирањето на кулата, но таа веројатно е подигната во 18 век.
Градба[уреди | уреди извор]
Кулата е градена од камен и малтер. Нејзините ѕидови достигаат дебелина од еден метар. По својата форма, таа е четвртаста и достигнува височина од околу 20 метри. Кулата е на пет ката. Првиот и вториот кат се без прозорци, а на четвртиот и петтиот кат се по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петтиот постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствената врата е на вториот кат и пристапот до неа е направен со камени скали. Покривот и внатрешната дрвена граѓа денес е доста оштетена.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Споменици на културата на Македонија, Мисла, Скопје, 1980