Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште
Успение на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Повардарска |
| Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
| Парохија | Маренска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°22′40.7″N 22°00′51.1″E / 41.377972°N 22.014194°E |
| Место | Дабниште |
| Општина | Кавадарци |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица |
| Изградба | XIII век |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Дабниште.[1][2]
Таа се наоѓа во самото село, сместена во Средното Маало. Денес, црквата се наоѓа во многу лоша состојба.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Подигната и живописана е во XIII век година. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата има облик на еднокорабна градба.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Целата црква е живописана. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот е насликан и во XIX век.[2][4]
Од стариот живопис има сочувани фрагментарни остатоци со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно има по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во XIX век. Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури.[4]
На иконостасот има царски двери изработени во резба од непознат копаничар.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на црквата со камбанаријата
- Влезната порта од дворот на црквата
- Тремот на црквата
- Влезот во црквата
- Камбанаријата на црквата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 3 „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 13 февруари 2018.
- ↑ Илијевски, Климентина (6 април 2011). „Разубавувањето на Скопје ги голта парите за заштита на културното наследство“. BalkanInsight. Посетено на 13 февруари 2018.[мртва врска]
- 1 2 3 4 „Културно и национално наследство на Кавадарци“. Институт за информатика. Посетено на 13 февруари 2018.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште на Ризницата ?


