Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Св. Петка
македонска православна црква
ЕпархијаПовардарска
Архијерејско намесништвоКавадаречко
Местоположба

Карта

Координати41°26′35″N 22°0′30″E / 41.44306°N 22.00833°E / 41.44306; 22.00833
МестоКавадарци
ОпштинаКавадарци
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
Изградба2010 - 2015
Осветување18 октомври 2015
КтиторОпштина Кавадарци
Фени индустри
Кожувчанка
Градба промет
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна
Стилромејски

„Св. Петка“ — соборна православна црква во градот Кавадарци, дел од Квадаречкото архијерејско намесништво во Повадарската епархија на МПЦ - ОА. Според архитектонскиот облик претставува граден крст во правоалогно пространство, градена е од клесан камен во ромејски стил, со четири помали куполи и една поголема централна купола. Од северната и јужната страна на црквата поставени се два параклиси посветени на Св. Јован Крстител и Св. Климент Охридски. Покрај црквата на нејзината југозападна страна е поставена камбанарија со придружен објект, помошни црковни простории.

Целиот комплекс на црквата е со зафатнина од 9.000 м2, од кои околу две третини е покриен со зелена површина.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Изградба и осветување

[уреди | уреди извор]

Црквата започнала да се гради на 8 август 2010 година, кога бил удрен камен-темелник на денот на празникот „Св. Петка“. Каменот за ѕидање на црквата бил донесен од Мариово, бидејќи со тој камен кој има топла природна боја се граделе цркви уште пред десет века[2]. Како главен спонзор или ктитор за изградба на црквата биле компаниите Фени Индустри, Кожувчанка и Градба промет, како и Општина Кавадарци. На 18 октомври 2015 година било извршено осветувањето на храмот со присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, надлежниот Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, како и бројно свештенство и монаштво на Повардарската епархија и на целата Македонска православна црква.[1]

По осветувањето на црквата, со одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ги доделил следниве црковни одличја заради поддршката за изградбата на храмот:[1]

  • Орден од прв ред на Македонската православна црква за Константинос Даскалакис, генералниот менаџер на „Фени Индустри“, и за Митко Јанчев, генералниот менаџер на „Кожувчанка“;
  • Орден од втор ред на Македонската православна црква за Општина Кавадарци, предводена од градоначалникот Александар Панов, како и за Никола Наумов, генерален менаџер на ГП „Градба Промет“, и изведувач на градежните работи;
  • Орден од трет ред на Македонската православна црква за компанијата „Кав Комерц“ од Кавадарци, ЈП Комуналец од Кавадарци, како и за Трајче Ристовски – Зуко.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 „Осветување на црквата „Св. Петка" во Кавадарци“. Повардарска епархија преку web.archive.org. 19 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 2020-11-06. Посетено на 6 ноември 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. http://netpress.com.mk/osvetuvanje-na-crkvata-sveta-petka-paraskeva-vo-kavadarci/

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]