ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ - Кавадарци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тоде Хаџи Тефов

Место
Општина: Кавадарци
Нас. место: Кавадарци
Адреса: ул.“Пионерска“ бр.24
Местоположба
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место www.todehtefov.edu.mk

Тоде Хаџи Тефовосновно училиште во Кавадарци, Општина Кавадарци.[1]

За училиштето[уреди | уреди извор]

ООУ „Тоде Хаџи-Тефов” Кавадарци е основно училиште. Сместено е на ул. „Пионерска” 24. Во склопот на истото работат подрачни паралелки во с. Бегниште.

Училиштето работи од далечната 1962 година и спаѓа во поразвиените училишта со опфат на најголем број на ученици во општината.

На почетокот во учебната 1962/63 година училиштето работи со вкупно 25 паралелки 12 во одделенска 13 во предметна настава со вкупно 939 ученика, а наставата ја реализираат 30 наставници а како прв директор во училиштето е Стојче Ристевски. Во училиштето се школувале многу ученици кој денес се истакнати и успешни лекари, инженери, економисти и други профили и сите се наша гордост бидејќи првите чекори во своето образование ги поминале во клупите на ова училиште.

Од година во година бројот на паралелките и учениците се зголемува, така што пред неколку години изнесуваше над 1200 ученици, но последниве неколку години поради намалениот наталитет истиот е во отпаѓање. И покрај тоа во училиштето денес се опфатени 784 ученика во основното училиште 36 ученика во подрачното, т.е. вкупно 820 ученика и е училиште со најголем број на ученици во општината.

Од отворањето од година во година до денес во училиштето се направени повеќе реконструкции, доградби и слични активности, а во согласност со тоа и воспитно образовната дејност се унапредува и ги следи позитивните промени во образованието. Моментално во училиштето наставата ја реализираат вкупно 50 наставници, а повеќе од нив се подготвени да внесуваат иновации и квалитетни промени во насока на унапредување на воспитно образовниот процес.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

Галирија-слики[уреди | уреди извор]

Училишна зграда[мртва врска]

ТхТ[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ОУ „Тоде Хаџи Тефов" - Кавадарци“. Посетено на 2011-02-15.