Селемли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Селемли
Викиекспедиција Бојмија 164.jpg

Панорамски поглед на Селемли

Селемли is located in Македонија
Селемли
Местоположба на Селемли во Македонија
Координати 41°9′1″N 22°37′1″E / 41.15028° СГШ; 22.61694° ИГД / 41.15028; 22.61694Координати: 41°9′1″N 22°37′1″E / 41.15028° СГШ; 22.61694° ИГД / 41.15028; 22.61694
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Bogdanci Municipality.svg Богданци
Област Бојмија
Население 327[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Надм. вис. 150 м
Селемли на општинската карта
Селемли во Општина Богданци.svg

Атарот на Селемли во рамките на општината
Commons-logo.svg Селемли на Ризницата


Селемли — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на Селемлиското Езеро, мало вештачко езеро во непосредна близина на селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Богданци, чиј атар се допира со државната граница со Грција.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 11 километри.[2] Селемли е сместено јужно од селото Стојаково, со кое е поврзано со асфалтен пат.

Атарот зафаќа површина од 6 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 160 хектари, а на шумите само 4 хектари.[2]

Во јужниот дел на селото се наоѓа малото вештачко езеро Селемлија, изградено во 1970-тите години за наводнување на лозовите насади.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Селемли било турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

Населението во Селемли претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните медитерански влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селемли имало 250 жители, сите Турци.[3]

Со растот на бројот на населението, селото преминало од мало во средно село по големина. Така, во 1961 година, Селемли имало 287 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 342 жители, од кои 311 Срби и 31 Македонец.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Селемли имало 327 жители, од кои 35 Македонци и 292 Срби.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[4] 1905[5] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 250 207 161 287 303 321 336 342 327
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 207
1953 1 160 ... 161
1961 2 2 ... ... 282 ... 1 287
1971 3 ... 298 ... 2 303
1981 12 297 ... 12 321
1991 17 316 3 336
1994 31 311 342
2002 35 292 327

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на полето околу селото, а во далечина ветерните турбини на ветропаркот „Богданци“

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква во изградба, започната во 2011 г, но до 2017 година биле поставени само темелите[8]
Езера

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 11 јули 2017. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 268. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 јули 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  8. Забележано од членовите на проектот „Викиекспедиции“ за време на втората експедиција во Бојмија на 23 април 2017 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]