Сојузни покраини во Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини (германски: Bundesländer).

Секоја покраина има собрание (Landtag), покраинска влада (Landesregierung) и управник (Landeshauptmann). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.

Покраините имаат мошне ограничени права во носењето на закони, што не било случај секогаш. Во прво време уживале многу поголема автономија, но со време државата претрпила постепена централизација. Денес во покраинска надлежност се зонското планирање, заштитата на природата, ловот, риболовот, земјоделските работи, заштита на младите, извесни аспекти од здравството и социјалата и поситни давачки.

Функцијата на управникот има поголема политичка тежина бидејќи е надлежен за спроведување на политиката и одлуките на централната власт, покрај зонското планирање и јавните набавки.

Сојузни покраини[уреди | уреди извор]

Покраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве:

Грб Сојузна покраина Главен град
Македонски Германски
Градиште Burgenland Ајзенштат
Виена Wien
Горна Австрија Oberösterreich Линц
Долна Австрија Niederösterreich Санкт Пелтен
Корушка Kärnten Клагенфурт
Предарлска Vorarlberg Брегенц
Салцбург Salzburg Салцбург
Тирол Tirol Инсбрук
Штаерска Steiermark Грац

Население и површина[уреди | уреди извор]

На следнава табела се претставени податоците за населението, површината и густината на населеност на покраините на 1 јануари 2011 г. според Статистичката служба на Австрија:[1]

Бр. Покраина Главен град Население Површина
(км²)
Густина
(жит/км²)
Градови Села
1 Виена 1.707.000 414,65 4.113,3 1 0
2 Долна Австрија Санкт Пелтен 1.609.800 19.186,26 83,9 75 498
3 Горна Австрија Линц 1.412.300 11.979,91 117,9 32 412
4 Штаерска Грац 1.208.900 16.401,04 73,7 34 508
5 Тирол Инсбрук 708.900 12.640,17 56,1 11 268
6 Корушка Клагенфурт 560.700 9.538,01 58,8 17 115
7 Салцбург Салцбург 531.800 7.156,03 74,3 10 109
8 Предарлска Брегенц 370.200 2.601,12 142,3 5 91
9 Градиште Ајзенштат 284.000 3.961,80 71,7 13 158

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сојузни покраини — Статистичка служба на Австрија (германски) посет. 12 јули 2013 г