Ума

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хума)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ума
Викиекспедиција Бојмија 026.jpg

Поглед на влезот во селото

Ума се наоѓа во Republic of Macedonia
Ума
Местоположба на Ума во Македонија
Координати 41°11′09″ СГШ 22°19′35″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Влахомеглен
Население 2[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Надм. вис. 820 м
Слава Свети Пантелејмон
Commons-logo.svg Ума на Ризницата


Ума или Хума — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено на падините на планината Кожуф.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 42,3 км2.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба.

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ума имало 490 жители, сите Власи.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ума имало 480 жители.[4]

Селото во 1961 година имало само еден жител, а во 1994 година било целосно раселено.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ума имало 2 жители, од кои 1 Влав и 1 Бошњак.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 390 480 380 225 44 7 1 1 0 2
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Ума се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин и Мрзенци.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година во почетокот на август се одржуваат панаѓурски денови по повод Св. Пантелејмон, кога во селската црква се организира неделен курбан.

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Ума

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 11 јуни 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 309. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 11 јуни 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]