Плешанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Плешанци е село во Општина Пробиштип, во Злетовско-Пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Плешанци
Плешанци is located in Македонија
Плешанци
Местоположба на Плешанци во Македонија
Координати 41°59′54.96″N 22°08′2.04″E / 41.9986000° СГШ; 22.1339000° ИГД / 41.9986000; 22.1339000Координати: 41°59′54.96″N 22°08′2.04″E / 41.9986000° СГШ; 22.1339000° ИГД / 41.9986000; 22.1339000
Општина Општина Пробиштип
Население 168 жит.
(поп. 2002)
Плешанци на општинската карта
Плешанци во Општина Пробиштип.svg

Атарот на Плешанци во рамките на општината

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Злетовската област. Лоцирано е во јужното подножје на Црн Врв (1200 м.н.в.),кој е воедно гранична линија на Злетовската област со Кратово. Домовите(куќите)се сместени околу поток кој не пресушува ниту во најсушните години и тоа е основен фактор за неговото основање и егзистенција.Ако се погледа од висина,на пример, ќе се забележи дека припаѓа на категоријата “збиени населби“,а поради непресушливиот поток има издолжен вид. Покрај ова, разместувањето на куќите/домовите има и своевидна историска димензија, а тоа е стариот каравански пат кој во средниот век, има посебно значење, од Штип до Кратово. Околу домовите/куќите како во минатото така и сега има овошни гради во кои се одгледува зеленчук и по некое овошно дрво.Иако, на прв поглед,изглед дека е во безводен, сушен простор, во селото има повеќе чешми и бунари (Стар кладенец,Преслап, Стари крак, Војтим)

Историja[уреди | уреди извор]

Плешенци е стара населба. Од археолошките остатоци, и покрај неговото преселување од едно место на друго, може да се најдат трагови од античкиот и римскиот период. Така, на пример,на ридот ГРАДИШТЕ (и самото име асоцира на населба, град) кое е 1 км северно од сегашната населба, се забележуваат трагови од бедеми и траги од претсловенска култура. Во околината на Градиште се откопани некрополи со римски натписи, питоси итн. Нешто западно од Градиште има место кое се нарекува СЕЛИШТЕ или МАРЕШЕВО. Селската црква изградена во втората половина на 19 век е подигната на темели на постара црква. Има и месност наречена ЦРКВЕНА корија

Економија[уреди | уреди извор]

Ако се суди по природно-географската положба населението од Плешенци, во економска смисла, се засновува на земјоделството, сточарство и рударство.Од вкупната површина која изнесува 977 ха, 42 насто обработливо земјиште, 35 насто пасишта и 12 насто шуми.Во минатото,римски период, среден век и за време на османлиското освојување рударството, рударењето сеедно од економска или чисто насилие, ангарија, кулук итн. претставува значајна економска активност. Подоцна по згаснувањето на рударството земјоделието и сточарството, посебно одгледувањето на кози претставуваат главни економскии фактори. Покрај ова, не треба да се заборави, дека поради каравенаскиот пат кој минува низ него, исто така, претставува значаен фактор. Имено,се до изградбата на пругата Солун - Скопје, во Плешенци имало пет ана во секого од нив можело да преноќеваат по 100 товарни добици. И се остварувале приход од 150-200 гроша за една ноќ. Еден учител од тоа време ќе забележи дека во 1901 година нема ни еден од некогашните анови. Уште ќе додаде дека плешанчани многу пијат и се однесуваа нерационално. За една невестинка носија ќе дадат 6 - 9 златни лири и освен на свадбата, никогаш повеќе се облекувала.Уште не треба да се забори дека за време на Османлиите селото е заеднички тимар на Дервене Курт, и Бали и Мехмет (1570 год.Меѓутоа, во селото се забележуваат и БАШТИНИ (имоти), шест на број (на Логор, Никола Влајо, Степан Стале, на рале, Петре пројо и Јован Оливер). Подоцна,овие баштини од мештаните, на “помек“ начик како заштита или чисто насиле, ќе преминат во турска сопственост. Меѓу населението останало преданието од пред два века дека селото било чифлик на спахијата Везул,а потоа неговите наследници ќе го продадат на месното население.И така значи, по 3 - 4 века подоцна, земјиштето, нивите, ливадите, шумите пак се враќат во рацете на христијаните.

Демографија[уреди | уреди извор]

Иако во народната традиција постои предание како селото Плешенци било лоцирано во месноста Селиште и имало 10 - 15 домаќинства, и дека кога ВЛАШКО (Романија) добила автономија, овие домаќинства се преселиле на сегашната локација, турските пописни документи уште од 16 век ни покажуваат нешто друго.Имено,селото Плешенци во 1570 година постои и во него се евидентирани 72 христијански домаќинства. И за големо изненадување уште се регистрирани и 62 неженети лица. Селото како што гледаме во споредба со другите села од Злетовската област, припаѓа на групата поголеми селски населби. 70 домаќинства се христијани а само 2 муслимани. Ако се има предвид високата стапка на наталитет како и покрај високата стапка на морталитет, може со право да се претпостави дека во Плешенци имало околу 600 жители. Меѓутоа, поради невоедначената методологија на пописите на населението во првата половина од 20 век, и колку да се трудиме сите процени за развојот на населението ќе бидат некоректни.Затоа ќе се задржиме на динамиката на населението од пописите на население од 1948 година па наваму.Така во првиот после воен попис на населението (1948 год.) во Плешенци живеат вкупно 480 жители. Пет години подоцна (1953 г.) веќе имаме пораст на населението на 521 жител и во наредниот попис (1961) извесна стабилизација на развојот на населениот во ова село на 523 жители. За жал, во наредниот попис на населението од 1971 година,со индустријализацијата на општината, миграцијата на младото работоспособно население,од Плешенци нив 93 лица се иселуваат од селото. Овој тренда на иселување ке продолжи и во наредните меѓу пописни периоди.Така,на пример,до 1981 година селото има 52 жители помалки,а во 1991 во споредба со 1981 имаме 88 жители кои го напуштиле Плешенци.Миграциите од Плешемци во општинскиот центар и во околните урбани средини ќе продолжи со нешто зголемен интензитет.Конечно во пописот на населението во 2оо2 година во селото ќе останат само 168 жители.Не треба многу зборови за да се со право претпостави дека тие останати 168 жители се,главно стари кои како поради возраста,образованиото,квалификациите итн.така и поради “врзанбоста“ со земјата,селото,минатото остануваат до својот крај во Плешенци.

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Плешанци живееле 275 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плешанци имало 304 Македонци, егзархисти и 12 Роми.[2]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 112 куќи и 168 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 275[1] 316[2] 480 521 523 430 378 290 278 168

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Селската црква како е веќе речено е изградена во втората половина на 19 век, односно во 1870 година и е посветена на св. Параскева. Првото училиште е отворено во учебната 1892/1893 година. Изградена е и училишна зграда. При градбата, бидејки на плешенчани им недостасуваат парични сретства, тие, адекватно на тогашни политички услови, бугарските и српските аспирации кон денационализација на македонското население, успеват да се ’огребат’ и кај едните и кај другите. Сега, поради сенилизација на селото, изгледа дека нема деца, и со тоа нема училиште.Инаку, особено од втората генерација на отселени плешенчани има поголем број со високо, више и средно образование.


Извори: Група автори „Злетовска обалст„,1974 год.

       А.Керамидчиев:Нови епиграфски споменици во Источна Македонија,Жива Антика,Скопје,1965 г.
       Стеван Симиќ,Историја кратовске области,Београд, 1914 г.
       К.Јиречек,Историја Срба 1-2,БГД 1952 г.
       Пописи становништва и домаќинства 1958 -1981,Сојузен завод за статистика БГД.
       Попис на населението 1991 и 2002,Републички завод за статистика,Скопје

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 41°59′N, 22°08′E

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 222.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130 - 131.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика.