Административна поделба на Полска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Територијата на Полска денес на национално ниво е поделена на војводства, понатаму поделени во окрузи (повјати), а тие пак поделени во основната административна единица, општините (гмини). Оваа тековна поделба е во функција од 1999 година. Денес Полска има 16 војводства, 380 окрузи и 2.478 општини.[1] Наспроти овие три нивоа, општините може да се поделат и на помошни единици како оседле и дзелница за градовите, и солецтво за руралните средини.

Војводства[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Војводства во Полска.
Карта на војводствата во Полска

Главната административна единица во Полска е војводството (полски: województwo; мн. војводства, на полски: województwa). Со поделбата од 1999 година денес постојат 16 војводства. Надлежностите во војводството се поделени меѓу регионалниот гувернер наречен војвода, назначен од Владата, Војводскиот Сејмик (совет, регионално собрание), кој се избира на секои 5 години на избори, составен од советници, и меѓу извршната управа (zarząd województwa), која пак ја избира советот.

Список[уреди | уреди извор]

Списокот е според азбучен ред на називите на војводствата.
Грб Код Рег.
таб.
Назив Површина
(км²)
Население
(30 јун. 2018)
Warminsko-mazurskie herb.svg 28 N Варминско-мазурско Војводство
(województwo warmińsko-mazurskie)
24.173,47 1.431.299
POL województwo wielkopolskie COA.svg 30 P Големополско Војводство
(województwo wielkopolskie)
29.826,50 3.490.597
POL woj dolnoslaskie COA 2009.svg 02 D Долношлеско Војводство
(województwo dolnośląskie)
19.946,70 2.901.003
POL województwo zachodniopomorskie COA.svg 32 Z Западнопоморско Војводство
(województwo zachodniopomorskie)
22.892,48 1.703.009
POL województwo kujawsko-pomorskie COA.svg 04 C Кујавско-поморско Војводство
(województwo kujawsko-pomorskie)
17.971,34 2.079.917
POL województwo łódzkie COA.svg 10 E Лоѓско Војводство
(województwo łódzkie)
18.218,95 2.470.610
POL województwo lubelskie COA.svg 06 L Лублинско Војводство
(województwo lubelskie)
25.122,46 2.121.613
POL województwo lubuskie COA.svg 08 F Лубушко Војводство
(województwo lubuskie)
13.987,93 1.015.440
POL województwo mazowieckie COA.svg 14 W Мазовско Војводство
(województwo mazowieckie)
35.558,47 5.391.813
POL województwo małopolskie COA.svg 12 K Малополско Војводство
(województwo małopolskie)
15.182,79 3.395.663
POL województwo opolskie COA.svg 16 O Ополско Војводство
(województwo opolskie)
9.411,87 988.014
POL województwo podlaskie COA.svg 20 B Подласко Војводство
(województwo podlaskie)
20.187,02 1.182.677
POL województwo pomorskie COA.svg 22 G Поморско Војводство
(województwo pomorskie)
18.310,34 2.328.214
POL województwo podkarpackie COA.svg 18 R Поткарпатско Војводство
(województwo podkarpackie)
17.845,76 2.128.747
POL województwo świętokrzyskie COA.svg 26 T Светокришко Војводство
(województwo świętokrzyskie)
11.710,50 1.244.383
POL województwo śląskie COA incorrect.svg 24 S Шлеско Војводство
(województwo śląskie)
12.333,09 4.540.140

Окрузи[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Окрузи во Полска.

Второстепената административна единица е округот, во Полска наречен повјат (полски: powiat; мн. повјати, на полски: powiaty). Денес има 380 окрузи од кои 66 градски и 314 селски. Тие се потчинети на војводството, а самите се поделени пак во општини. Градовите се посебни целини со статус на градски окрузи (powiaty grodzkie, формално: miasta na prawach powiatu) и тие не се делат општини. Вообичаените окрузи се наречени „земски“ или „селски окрузи“ (powiaty ziemskie). Секој округ придавно е наречен по најважниот град во него.

Законодавната власт на округот ја има избран окружен совет (rada powiatu), а извршната е во рацете на окружната управа (zarząd powiatu). На чело на управата стои старешина (starosta), избран помеѓу членовите на советот. Службата на старешината се нарекува старешинство (starostwo). Кај градските окрузи, истите улоги ги имаат градскиот совет (rada miasta), градоначалникот (burmistrz или prezydent) и градската служба (urząd miasta).

Општини[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Општини во Полска.
Илустрација на карта на општините во Полска согласно 1 јануари 2008 г.

Третостепената но основна административна единица во државата е општината, наречена гмина (полски: gmina, мн. гмини, на полски: gminy). Општините се делат на три видови: градска општина, составена само од еден град, градско-селска, од помал град и околните села, и селска општина, составена само од неколку села, а ретко и само едно село. Општините имаат свои совети и избран градоначалник, познат како prezydent во поголемите градови, burmistrz во градовите и градско-селските општини и wójt во селските општини.

Помошни единици[уреди | уреди извор]

Некои општини се делат понатаму и на помошни единици (полски: jednostki pomocnicze). Градските и урбани места вообичаено се делат во помошните единици оседле (osiedle) и дзелница (dzielnica), а за руралните средини се користи терминот солецтво (sołectwo), но се користат и многу други имиња како дистрикти, приселок, реони.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население. Состојба и структура и важни статистики за Полска според територијалната поделба во 2017 година, согласно 31 декември“ (PDF) (полски). Główny Urząd Statystyczny (Централен завод за статистика). конс. 8 декември 2018.