Кованец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кованци)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кованец
Кованци
Викиекспедиција Бојмија 086.jpg

Влез во селото Кованец

Кованец се наоѓа во Republic of Macedonia
Кованец
Местоположба на Кованец во Македонија
Координати 41°13′32″ СГШ 22°24′47″ ИГД / 
Регион Logo of Vardar Region.svg Вардарски
Општина Coat of arms of Gevgelija Municipality.svg Гевгелија
Област Влахомеглен
Население 177[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1483
Повик. бр. 034
Надм. вис. 290 м
Commons-logo.svg Кованец на Ризницата


Кованец или Кованци — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на дел од селото Кованец

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено во подножјето на планината Кожуф.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 290 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 17 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 17,6 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 1.617 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 120 хектари, а на пасиштата само 0,5 хектари.[2]

До селото води асфалтен пат преку селото Негорци од кое е оддалечено 8 километри. Низ Кованец протекува малата Кованска Река, која е десна притока на реката Вардар и која често пресушува во текот на летото.

Историја[уреди | уреди извор]

Црква во Кованец во 1931 година

Во XIX век, Кованец било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кованец имало 200 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кованец имало 208 жители.[4]

Кованец е мало село, коешто во 1961 година броело 258 жители, а во 1994 година 212 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кованец имало 177 жители, од кои 176 Македонци и 1 Србин.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 200 208 271 315 298 246 242 231 212 177
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Подрачното основно училиште во селото
  • Основно училиште „Ристо Шуклев“ до V одделение[8], подрачно училиште на ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. Училиштето по неговото затворање во учебната 2000/2001, со обнова на фасадата и неговата внатрешност било повторно ставено во функција во 2016 година.[9]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Негорци, во која влегувале селата Кованец, Негорци, Прдејци и Смоквица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Негорци, во која покрај селото Кованец се наоѓале и селата Негорци, Прдејци, Серменин и Смоквица.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[10]
Реки[11]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 26 мај 2017 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 152. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 26 мај 2017 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. „ООУ „Ристо Шуклев““. македонски: ОУ „Ристо Шуклев“ - Негорци. http://www.oouristosuklev.edu.mk/. посет. 6 јули 2017 г. 
  9. „Пуштено во употреба реновираното подрачно училиште во гевгелиското село Кованец“. Влада на Македонија. 28 јануари 2016. http://vlada.mk/node/11789. посет. 6 јули 2017 г. 
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  11. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]