Дурутли
Дурутли — село во Општина Дојран, југоисточна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено северозападно од Дојран, на границата со Општина Валандово. Лежи во ридски предел планината Боска, на надморска височина од 310 м. Атарот зафаќа површина од 2,2 км2 и има мошне долг и тесен облик.[1] На мало растојание на североисток е Џумабос, а на југ лежи Севендекли.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Дурутли било чисто турско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дургутли имало 15 домаќинства сочинети од 30 муслимани.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 185 жители, сите Турци.[3]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Според податок од 1998 г. Дурутли поседува 20,3 ха обработливо земјиште, 48,9 ха пасишта и 140 ха шуми.[1]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во првите децении на XX век населението на Дурутли доживеало извесно намалување и продолжило во таа насока до денес. Според пописот од 2002 г. селото имало 16 жители, сите Турци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 185 | — | 141 | 157 | 105 | 69 | 82 | 45 | 41 | 16 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Селска џамија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали и Севендекли.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 118. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192-193
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 8 јануари 2020.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|