Вишна

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вишни)
Вишна
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Rosales
Семејство: Rosaceae
Род: Prunus
Подрод: Cerasus
Вид: P. cerasus
Научен назив
Prunus cerasus
L.

Вишна (лат. Prunus cerasus) е плодовито овошно дрво, позната како кисела цреша[1] Во Република Македонија се одгледува во сите реони со надморска височина до 1.100 m. До седумдесеттите години од XX век беше споредна култура, со 200-300 тони годишно производство. Првата плантажа со облачинска вишна на 20 хектари била посадена во Битолско во 1970. Набрзо се увидоа големата родност и рентабилноста на оваа вишна, која нагло била проширена во сите реони. Производството го достигна максимумот од 11.450 тони помеѓу 19861987. Последниве години производството изнесува меѓу 6.000 – 7.000 тони годишно. Речиси целото количество се извезува како замрзнати плодови и конзервирано во алкохол.

Употреба[уреди | уреди извор]

Лек[уреди | уреди извор]

Листот на вишната се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспалението, го штити нервниот систем, помага кај несоница и лекува тешкотии кај менопаузата.

Вишните се одличен извор на витамин и минерали и имаат благотворено дејство на целиот организам. Главниот пигмент е црвен антоцијан кој влијае како антиоксиданс, и затоа е еден од најважните регулатори на срцевиот ритам и процес на стареење.

Ова овошје има голема улога и во одржување на убавината на кожата. Се препорачува кај забрзано опоравување после оперативен зафат, кај намалување на воспаленија, помага кај несоница, го штити нервниот систем и во лекување на тешкотии кај менопауза.

Освен како свеж плод, вишните може да ги користиме и замрзнати и суви.

Чај од стебленцата на вишната помага кај исфрлање на песок од уринарните канали, целулит, импотенција, бубрежна болест и хронично кашлање. Листот од вишна пак се користи како средство за убавина, а помага кај првут и потечени очни капаци.

Храна и рецепти[уреди | уреди извор]

Млади вишни во село Раштак

Една лажица иситнети исушени листови од вишна и една лажица исушени цветови од кантарион ставете во сад и прелијте со три чаши жешко пиво.

Оваа смеса загрејте ја до вриење и гответе на благ оган 30-40 минути.

Кога ќе се излади, чајот прецедете го и земајте две лажици трипати дневно после јадење. Овој чај благовремено влијае на заболен црн дроб.

Лек против хепатит А исто така може да направите од исушени листови на вишна. Ситно исечкајте десет суви листови и ставете ги во сад во кој ќе додадете 300 милилитри вода. Гответе на тивок оган 30 минути. Кога се излади процедете. Пијте четвртина чаша од овој чај трипати дневно.

Чај од лист од вишна во комбинација со лист од црешна, јагода и љубичица е одличен лек против првут. Листот наберете го и прелијте го со топла вода и оставете да отстои. После миење со чајот, косата измијте ја[2].

Вишната како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Prunus cerasus“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 14 October 2015.
  2. „ЛИСТ ОД ВИШНА: Идеален лек за многу болести“. Фактор Портал. Посетено на 2017-09-13.
  3. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 20.

Извор[уреди | уреди извор]

Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 285. ISBN 978-608-203-023-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]