Менопауза
Менопаузата е природна појава во животот на жената кога престанува нејзината менструација. Исто така е позната под името климактериум што значи промена на животот. Менопауза обично настапува помеѓу 44-та и 55 година од животот. Менструациите можат да станат помалку обилни и понередовни пред конечно да престанат.
Како се случува[уреди | уреди извор]
Од двете страни на матката (утерусот) на жената се наоѓаат јајниците кои го произведуваат хормонот естроген. Овој хормон помага во регулирање и создавање јајце (овула) кај жената. За време на климактериумот јајниците почнуваат да создаваат помалку естроген при што не се произведуваат повеќе јајца и престанува менструацијата.
Климактериумот може да настапи на било која возраст ако јајниците на жената се извадени при хисторектомија операција (отстранување на матката).
Симптоми[уреди | уреди извор]
Повеќето жени или воопшто ќе немаат симптоми, или ќе имаат само благи симптоми што ќе траат само неколку месеци. Но за некои жени, симптомите можат да бидат мачни и да траат неколку години. Тие се:
- Напади на жештина
- Вагинални и проблеми со мочниот меур
- Промени во расположението
Последици[уреди | уреди извор]
Климактериумот прави жените постепено да губат дел од калциумот во нивните коски. Кај многу жени коските стануваат крти и лесно кршливи. Овој проблем е наречен Остеопороза.
Извор[уреди | уреди извор]
- http://web.archive.org/web/20060822054049/http://www.mhcs.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/800/HTS-800-MAC.pdf 44+ За жените што се ближат до климактериумот (менопауза) - Памфлет, Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Нов Јужен Велс, јули 2002.
![]() |
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |