Џумабос
Џумабос — село во Општина Дојран, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на северната падина на планината Боска, северно од општинското седиште Стар Дојран, во најсеверниот дел на општината. многу блиску до соседното село Дурутли, на само 350 м североисточно по воздушна линија, преку долот на месниот поток.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Џумабос било чисто турско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Джумаја Обаси е село со 14 домаќинства сочинети од 26 муслимани.[2] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Џума Оваси имала население од 65 жители, сите Турци.[3]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во периодот по Втората светска војна, населението на Џумабос доживеало пораст, но во 1950-тите поччнало да се намалува и до 1961 г. тоа се преполовило. Во текот на таа деценија е забележан многу голем пад на бројноста на жителите, при што во 1971 г. се заведени само 8 жители, а во текот на истата деценија селото сосема се испразнило. Според пописот од 2002 година, Џумабос немало ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 65 | — | 66 | 87 | 41 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 194-195
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|