Фурка

Координати: 41°14′26″N 22°36′47″E / 41.24056° СГШ; 22.61306° ИГД / 41.24056; 22.61306
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фурка
Фурка во рамките на Македонија
Фурка
Местоположба на Фурка во Македонија
Фурка на карта

Карта

Координати 41°14′26″N 22°36′47″E / 41.24056° СГШ; 22.61306° ИГД / 41.24056; 22.61306
Регион Бојмија
Општина Дојран
Население 459 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 06030
Надм. вис. 345 м
Фурка на општинската карта

Атарот на Фурка во рамките на општината
Фурка на Ризницата

Фурка — село во Општина Дојран, покрај патот помеѓу Валандово и Нов Дојран.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Фурка — село во југоисточниот дел на Македонија. На запад од реката Вардар, преку Пугана и Габрошка Река, а на исток од Дојранската Котлина, селото лежи на висорамнина од 21 км2. Се наоѓа некаде во средината на замислениот триаголник помеѓу Дојран, Богданци и Валандово. Се наоѓа на надморска височина од 350 м, а највисокиот врв е на 456 м. Околу селото има повеќе ритчиња, составени главно од песоклива почва и гранитни карпи. Каде што е тоа можно, луѓето го користат земјиштето за лозарство и овоштарство, а помалку и за други гранки.

Историја[уреди | уреди извор]

Фурка во 1931 г.

Според историските извори Фурка постои многу одамна, најмалку 1000 години, во кои секогаш ја делело судбината со цела Македонија. Во литературата најрано се спомнува како дел од Самуиловото Царство. Имено, според д-р Стјепан Антолјак Фурка било местото каде, откако биле заробени на Беласица, биле доведени Самуиловите војници и биле ослепени. Многу повеќе се знае за селото за време на турската окупација на земјата. Тука треба да се напомене дека порано Фурка се наоѓала на 2,5 км северно од денешната. Тоа била населба од збиен тип, со неколку анови и семејства, сместена на патот Скопје - Солун и на патот кој ги поврзувал Албанија и Цариград. Ваквата местоположба подразбира дека поминувале многу луѓе кои отседнувале во фурските анови. Меѓу нив и австрискиот конзул Хан, кој во своето дело „Патување по текот на Дрина и Вардар“, ќе напомене дека „селото Фурка Ан е многу прочуено место на јужниот крај од една клисура, на половина час од Валандово“. Во Османлиската административна поделба селото било дел од Ќустендилскиот санџак, Бојмиска нахија, Дојранска каза, а на феудалниот господар Јусуф - спахија му носела годишен приход од околу 3000 акчиња.

Во овој период, односно во 1530 година Фурка за првпат се спомнува како дервенџиско село. Тоа значи дека луѓето освен со полјоделство и сточарство се занимавале и со дервенџиство, односно ја презеле одговорноста да го чуваат патот Дојран - Валандово, кој миинува низ Дервенската Клисура на чиј јужен крај се простирала старата населба Фурка, од разбојниците карактеристични за анархијата во Османлиското Царство. На стража секој ден одел по еден маж од секое семејство. Оттаму и тврдењето на некои историчари дека во одреден период на името Фурка бил придодаден и називот Дервен.[2]

Во 1573 година Фурка се спомнува како голема населба од 100 домаќинства и 50 неженети. Не е познато како за толку краток период од само 43 години (1530 - 1573) толку многу се зголемил бројот на жители во селото. Во истиот, селаните на спахиите Али и Мурат им плаќале 8667 акчиња. Фурка се спомнува и во пописот од 1700 година, повторно како дел од Бојмиската нахија, со годишен приход за спахиите од 4660 акчиња. Според пописот од 2002 година, во селото Фурка живеат 570 жители, сите Македонци.

Во XVIII век дервенџиите веќе не можеле да ја спречат големата наезда на турски разбојници (башибозук). Тоа ги натерало селаните на најрадикалниот чекор - исселување од селото. Според легендата, тројца калуѓери патувајќи од Штип за Солун застанале да преноќат во ановите. Но, биле фатени од разбојници и биле убиени над селото на местото Колникот. Селаните, исплашени, почнале да се исселуваат на висорамнината над селото акде им биле трлата. Од стара Фурка денес нема речиси никави остатоци, освен двете селски чешми Дервенска и Дилирова. Сега тоа место се нарекува Аниште, се рабира, поради тоа што стара Фурка била позната по ановите. Била основана нова населба, со истото име. Луѓето брзо почнале да создаваат услови за нормален живот. Продолжиле да се занимаваат со полјоделство и сточарство. Во овој период била изградена и црква на заштитникот на Фурка, Свети Илија, во 1878 година. Оттогаш Илинден се слави како празник на селото.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе тврдења за тоа како селото го добило името. Според народните преданија старото Фурка(кое се наоѓало 2,5 км од новото, денешно Фурка) имало форма на кириличната буква Ф и на фурка за предење. Во некои дела на познати историчари, пак, се тврди дека името потекнува од некои странски зборови. Според едни, „фурка“ на грчки значи губилиште (според наводното ослепување на Самуиловите војници на ова место). Според други името води потекло од турскиот „фурсат“ - што значи лоши луѓе. Имено, познато е дека селаните не дозволиле да се населат Турци во селото. понатаму, се знае дека во определен период му бил придодаден и називот Дервен, поради функцијата што ја имало. Денес, сè уште не е сосема јасно од каде потекнува името

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948647—    
1953641−0.9%
1961715+11.5%
1971681−4.8%
1981633−7.0%
ГодинаНас.±%
1991558−11.8%
1994586+5.0%
2002570−2.7%
2021459−19.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Фурка живееле 420 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Фурка имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 570 жители, од кои 563 Македонци, 6 Срби и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 459 жители, од кои 445 Македонци, 1 Србин, 3 останати и 10 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 520 647 641 715 681 633 558 586 570 459
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 378 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 408 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Борец, играл осум сезони по ред во третата лига Југ, од 1996/97 до 2003/04 кога испаѓа.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Печат на едно време - Никола Стојанов
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 163.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 100-101.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]