Сретеново
Сретеново — село во Општина Дојран, во близина на брегот на Дојранското Езеро.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на југозападниот дел на Дојранското Езеро, кое е речиси споено со административниот центар на општината, Стар Дојран. На 1,5 километар се наоѓа македонско-грчката граница.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото е основано од 29 српски семејства, кои биле колонизирани по завршувањето на Првата светска војна.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 315 жители. Следува табела на националната структура на населението:[1]
Народност | Вкупно |
Македонци | 205 |
Албанци | 0 |
Турци | 11 |
Роми | 36 |
Власи | 1 |
Срби | 29 |
Бошњаци | 0 |
останати | 2 |
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 385 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Стар Дојран.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 603 гласачи.[3]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Ова се археолошките наоѓалишта во атарот на селото, кои во литературата погрешно се сместуваат во Стар Дојран[4]
- Мешино Брдо — населба од доцноантичко време (всушност во Сретеново);
- Мрдаја — наколна населба од доцнобронзено и рано железно време;[5]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Светомир Шкариќ (р. 1941) — македонски правен научник и поранешен професор
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ http://vecer.mk/kultura/novi-naodi-na-lokalitetot-mrdaja Архивирано на 5 март 2016 г. Откриени амфоровидни садови на локалитетот Мрдаја'
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|