Македонско-грчка граница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тромеѓата недалеку од островот Голем Град во Преспанското Езеро — западниот крај на границата. Тука е границата Македонија-Грција-Албанија.
Тромеѓникот на врвот Тумба на Беласица — источниот крај на Границата. Тука е границата Македонија-Грција-Бугарија.
Граничниот премин Меџитлија-Негочани

Македонско-грчка границадржавна граница помеѓу Македонија и Грција долга 262 км, која може да се претстави како граница помеѓу Вардарска и Егејска Македонија. Источниот крај од границата воедно се граничи со Пиринска Македонија, додека пак западниот и со Мала Преспа — обете македонски подрачја.

Историја[уреди | уреди извор]

Денешната граница е утврдена со Букурешкиот договор од 1913 г. кога на Грција ѝ е доделена цела јужна (Егејска) Македонија, по што во следниот период стапило масивно етничко чистење, геноцид и асимилација на македонското население, како и негово заменување со доведени Грци од Азија. Сепак, и денес голем дел од населението во многу подрачја останува македонско.

Претходната и вистинска македонско-грчка граница е исцртана со Цариградскиот договор од 1881 г. со кој отоманската држава му ги отстапиала на Кралството Грција Тесалија и јужен Епир, а Македонија останала цела, во состав на Отоманското Царство.[1]

Опис на границата[уреди | уреди извор]

Границата се протега во напореднички правец исток-запад и пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река — Вардар. Од тромеѓниот врв Тумба, во напореднички правец границата минува по сртот на планината Беласица, од каде се спушта и ги сече Дојранско Езеро, автомобилскиот пат Стар Дојран-Кукуш и граничниот премин Дојран. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската котлина, меѓународниот патен правец Е75 и реката Вардар, како и меѓународната железничка линија Гевгелија - Сехово (Идомени) - Солун, како и автомобилскиот граничен премин Богородица. Движејќи се кон запад границата се искачува на на планината Кожуф и минува преку високите планински врвови Зелен Брег (2.171 м) и Дудица (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина Козјак, и од тука се искачува на планината Ниџе, која ја пресекува заедно со највискиот врв Кајмакчалан (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, Пелагонија, заедно со автомобилскиот пат Битола - Лерин и граничниот премин Меџитлија, како и железничката пруга, заедно со граничниот премин Кременица (кој е затворен). Од пелагониското рамниште границата се искачува на Баба Планина пресекувајќи ја заедно со врвот ’Ржана (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува Преспанско Езеро во напореднички правец сè до тромеѓата помеѓу Македонија, Грција и Албанија.

Гранични премини[уреди | уреди извор]

Патни премини[уреди | уреди извор]

Македонија
Македонски пункт
Општина Грција
Грчки пункт
Округ Македонски патишта Грчки патишта Состојба
Богородица Гевгелија Мачуково
(Евзони)
Кукуш Motorway-A1-Hex-Green.svg Автопат А1

European Road 75 number DE.svg Европски пат Е75

Autokinetodromos A1 number.svg Автопат А1

GR-EO-1.svg Државен пат ЕО1

European Road 75 number DE.svg Европски пат Е75

отворен
Меџитлија Битола Негочани
(Ники)
Лерин Motorway-A3-Hex-Green.svg Автопат А3

European Road 65 number DE.svg Европски пат Е65

Autokinetodromos A27 number.svg Автопат А27

GR-EO-3.svg Државен пат ЕО3

European Road 65 number DE.svg Европски пат Е65

отворен
Дојран Дојран Дојран
(Дојрани)
Кукуш Regional road Macedonia R-1105.svg Регионален пат Р1105 GR-EO-65.svg Државен пат ЕО65 отворен

Железнички премини[уреди | уреди извор]

Македонија
Македонски пункт
Општина Грција
Грчки пункт
Округ Линија Прва станица во Македонија Прва станица во Грција Состојба
Богородица Гевгелија Мачуково
(Евзони)
Кукуш Скопје - Солун ЖС „Гевгелија“ ЖС „Сехово“ (Идомени) отворен

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Цариградската конференција со вовед на англиски и полн текст на француски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]