Автопат 27 (Грција)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Автопат A27 shield

Автопат A27
Карта на А27
Информации за правецот
Должина:78,5 км
Поважни клучки
Северен крај:ГП Негочани кон Македонија
Јужен крај:Кожани, Егејска Македонија
Местоположба
Области:Западна Македонија
Поважни градови:Кожани, Кајлари, Лерин
Патна мрежа
Автопатишта во Грција
A27 на потегот Кајлар - Кожани.

Автопат 27 или А27 (грчки: Αυτοκινητόδρομος 27) — огранок на магистралата А2 („Егнатија“) во Егејска Македонија, Грција. Се протега во должина од 78,5 км, од Кожани преку Кајлари до Лерин и Негочани на границата со Македонија. Во 2015 г. е отворена делницата од Лерин до граничниот премин кон Македонија како магистрален потег, во должина од 14,5 км, при што нејзиниот северен дел е пуштен на 20 мај 2016 г.[1] Потегот од Кајлари до Лерин е автопат предвиден да се надгради во магистрала некаде до 2025 г.

Населени места[уреди | уреди извор]

Ова се сите населени места со свои излези на автопатот, наведени по возен редослед од север кон југ:

Денешните изменети (погрчени) имиња стојат во загради.[2]
Округ Излез Населено место Одредишта Белешки/Совпаѓања
Лерин
(Флорина)
ГП Негочани (Ники) кон Македонија Е65
граничен премин кон Македонија  Македонија
северен крај на А27
Долно Клештино - Горно Каленик
(Като Клинес - Ано Калиники)
Е65
Лерин (Флорина) ЕО2 Е86 ЕО3
Е65
Баница (Веви) — Север ЕО2 Е86 ЕО3
предвидена надградба Е65
Баница (Веви) — Југ ЕО2 Е86 ЕО3
предвидена надградба Е65
Горно Врбени (Ксино Неро)
предвидена надградба Е65
Суровичево (Аминдео)
предвидена надградба Е65
Островско Езеро (Вегоритида) ЕО2 Е86 за Воден (Едеса)
предвидена надградба Е65
Чалџиево (Филотас)
предвидена надградба Е65
Кожани
(Козани)
Биралци (Пердикас)
предвидена надградба Е65
Кајлари (Птолемаида) — Север
Е65
Кајлари (Птолемаида) — Југ ЕО3
Е65
Врдомици (Пондокоми) ЕО3
Е65
Кожани (Козани) — клучка А2 Е90 за Јанина (Јоанина), Солун (Тесалоники)
ЕО3 Е65 за Лариса
јужен крај на А27

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Новости“. „Егнатија Одос“ А.Д. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 18 јули 2017. (англиски)
  2. Напомена: Местата се наведени според нивните традиционални историски имиња во македонскиот јазик, а до нив во загради се дадени и денешните изменети (погрчени) имиња од практични причини, бидејќи како такви стојат на патните ознаки и карти. Исклучок од ова се поретките места кои не се разликуваат по име, новосоздадени доселенички населби, или пак управните единици кои не се наречени по постоечко традиционално населено место. Изворните имиња да ги пребарувате тука.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]