Црничани (Дојранско)

Координати: 41°14′8″N 22°39′14″E / 41.23556° СГШ; 22.65389° ИГД / 41.23556; 22.65389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црничани
Црничани во рамките на Македонија
Црничани
Местоположба на Црничани во Македонија
Црничани на карта

Карта

Координати 41°14′8″N 22°39′14″E / 41.23556° СГШ; 22.65389° ИГД / 41.23556; 22.65389
Општина Дојран
Област Бојмија
Население 189 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 06031
Црничани на општинската карта

Атарот на Црничани во рамките на општината
Црничани на Ризницата

Црничани — село во Општина Дојран, во непосредна близина на Дојранското Езеро.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Бојмија, северозападно од Дојран.

Историја[уреди | уреди извор]

Црничани во 1931 г.

Атарот на селото е населен уште од младото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Атици во неговиот северозападен крај.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948157—    
1953169+7.6%
1961188+11.2%
1971214+13.8%
1981229+7.0%
ГодинаНас.±%
1991223−2.6%
1994214−4.0%
2002221+3.3%
2021189−14.5%

Во XIX век селото имало мешано население. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели декаво 1873 г. Чарниче било село со 23 домаќинства, од кои 17 Македонци и 55 муслимани.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Црничани (Црничени) живееле 190 жители, од кои 100 Турци и 90 Роми.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци, 25 до 50 Турци и 25 до 50 Грци.[6]

Денес селото има мешано македонско и српско население поради колонизацијата на Вардарска Македонија во првите децении на XX век. Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 221 жител, од кои 93 Македонци, 126 Срби и 2 останати.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 189 жители, од кои 116 Македонци, 69 Срби, 2 останати и 2 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 190 157 169 188 214 229 223 214 221 189
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 379 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 172 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Црничани во 1931 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192-193.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 163. ISBN 954430424X.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]