К’шање

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од К'шање)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
К'шање
К'шање is located in Македонија
К'шање
Местоположба на К'шање во Македонија
Координати 42°1′44″N 21°56′35″E / 42.02889° СГШ; 21.94306° ИГД / 42.02889; 21.94306Координати: 42°1′44″N 21°56′35″E / 42.02889° СГШ; 21.94306° ИГД / 42.02889; 21.94306
Регион Овче Поле
Општина Општина Куманово
Население 48 жит.
(поп. 2002)
К'шање на општинската карта
К’шање во Општина Куманово.svg

Атарот на К'шање во рамките на општината

К'шање е село во Општина Куманово, во околината на градот Куманово.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото К'шање се наоѓа во северниот дел на Република Македонија, на околу 5 километри од регионалниот пат Куманово - Свети Николе, односно од превојот Караула (518 метри н. в.). Од градот Куманово, селото е одалечено 28 километри, југоисточно и се наоѓа на јужната граница на Средоречката област. Селото е сместено на местото каде се спојуваат Градиштанската планина(југозападно) и планината Манговице (југоисточно), приближно на 570 метара надморска висина. Од К'шање северозападно, за околу 4 км се наоѓа селото Пезово, источно за околу 6 км се наоѓа селото Татомир, југоисточно за околу 4 км се наоѓа селото Кокошиње и западно за околу 7 км се наоѓа селото Градиште. Селото го надвисуваат 4 висои, и тоа: северно за околу 2 км висот Сувар (н.в. 714 метра), југоисточно за околу 3 км висот Бабин Град (н.в. 765 метри), јужно за околу 2 км висот Перица и северозападно за околу 3 км висот Вукосија (н.в. 636 метри. Западно од селото се наоѓа полето Кампур. Оваа нископланинска област представува вододелница помеѓу Кумановската Котлина, на југ и на Овче Поле, на северозапад. Вододелницата помеѓу сливовите на Пчиња и Брегалница се наоѓа на околу 1 километар јужно од К'шање, во правецот Перица - Бабин Град. Кшањски Дол е повремен водоток кој тече на запад и заедно со другите водотоци на северните области на Градиштанска Планина, претставува лева притока на реката Пчиња. Месната клима е умереноконтинентална.

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманската Империја.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во К'шање живееле 420 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во К'шање имало 488 Македонци егзархисти.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 48 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420[1] 488[2] 540 523 451 369 167 91 83 48

Родови[уреди | уреди извор]

Кшање е македонско село.

Според истражувањата од 1972 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Ѓорговци (6 к.), Ивановци (6 к.), Филиповци (5 к.) и Стеевци (4 к.) најстари родови во селото. Основачи на денешното село. Порано живееле во месноста Селиште. Подалечно потекло им е непознато. Во родот Ѓорговци се знае следната генеологија Цане (жив на 80 год. во 1972 година) Саздо-Јане-Цветко-Ѓорго; Анчевци (4 к.), Ристинци (4 к.), Одујевци (4 к.), Вучковци (3 к.), Мишевци (3 к.), Лазаровци (3 к.), Гаѓевци (2 к.), Миленковци (2 к.), Чаушевци (2 к.), Шординци (2 к.), Петревци (1 к.) и Цекевци (1 к.) овие родови се деленички од најстарите родови, како и млади доселеници со непознато потекло; Чавдарци (5 к.) доселени се во 19ти век од селото Татомир во Кратовско; Басмарци (2 к.) доселени се после претходниот род од селото Габар во Кривопаланечко; Ѓуревци (2 к.) доселени се од некое село во Кривопаланечко.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Затворот „Куманово“, се наоѓа во село К'шање. Во 2007 година во К'шање тогашниот министер за правда Михајло Маневски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ги фрлија првите лопати на новата затворска зграда оддалечена 25 километри од Куманово. Затворот има три ката. Нови се последните два ката и страничниот дел на зградата, а првиот кат е адаптиран од училишната зграда. На првиот кат ќе биде сместено притворското одделение. Затворот ќе прими 250 затвореници, од кои 50 ќе бидат притвореници. Предвидено е во една ќелија да има по двајца или по девет квадрати за еден затвореник. На секој кат има по една голема соба во која ќе бидат сместени шест-седум затвореници и посебен дел, во кој има по три самици.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 126-127.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје: Универзитетска Печатница „Св Кирил и Методиј“. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]