Кантони во Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Швајцарија е поделена на 26 кантонисојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава[1] со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г.[2]

Поимот „кантон“ (германски: Kantone, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз (Eidgenossenschaft) се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светата римска империја, независноста дефакто ја стекнале во 1499 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан.[4] Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.

Устав[уреди | уреди извор]

Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство.[5] Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (Landsgemeinden). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.[6]

Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт.[5] Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето. Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км² до 7.105 км², а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.

Список[уреди | уреди извор]

Грб Крат. Кантон Изворно име Создаден Админ. центар Население (2009) Површина (км²) Густина (жит/км²) Општини[7] Службени јазици
Грб на Апенцел Аусероден AR Апенцел Аусероден Appenzell Ausserrhoden 1513 [8] Херизау[1] 53.313 &10000000000024286000000242,86 220 20 германски
Грб на Апенцел Инероден AI Апенцел Инероден Appenzell Innerrhoden 1513[8] Апенцел 15.789 &10000000000017252000000172,52 87 6 германски
Грб на Аргау AG Аргау Aargau 1803 Арау 627.893 &100000000000000014037291.403,73 388 220 германски
Грб на Базел-град BS Базел-град Basel-Stadt 1501[9] Базел 194.090 &1000000000000003700000037 5.072 3 германски
Грб на Базел-краина BL Базел-краина Basel-Landschaft 1501/1833[10] Листал 277.973 &10000000000051756000000517,56 502 86 германски
Грб на Берн BE Берн Bern 1353 Берн 985.046 &100000000000000059594395.959,44 158 383 германски, француски
Грб на Вале VS Вале Valais 1815 Сјон 317.022 &100000000000000052242495.224,25 53 143 француски, германски
Грб на Во VD Во Vaud 1803 Лозана 725.944 &100000000000000032120293.212,03 188 339 француски
Грб на Гларус GL Гларус Glarus 1352 Гларус 39.217 &10000000000006853000000685,3 51 3 германски
Грб на Граубинден GR Граубинден Graubünden 1803 Кур 193.388 &100000000000000071054397.105,44 26 180 германски, реторомански, италијански
Грб на Женева GE Женева Genève 1815 Женева 472.530 &10000000000028248000000282,48 1.442 45 француски
Грб на Золотурн SO Золотурн Solothurn 1481 Золотурн 259.836 &10000000000079049000000790,49 308 122 германски
Грб на Јура JU Јура Jura 1979[11] Делемон 70.542 &10000000000083855000000838,55 82 64 француски
Грб на Луцерн LU Луцерн Luzern 1332 Луцерн 381.966 &100000000000000014934401.493,44 233 87 германски
Грб на Невшател NE Невшател Neuchâtel 1815/1857[12] Невшател 173.183 &10000000000080293000000802,93 206 53 француски
Грб на Нидвалден NW Нидвалден Nidwalden 1291[13][14] Штанс 41.311 &10000000000002759000000275,9 138 11 германски
Грб на Обвалден OW Обвалден Obwalden 1291[13] или 1315[15] Зарнен 35.878 &10000000000049059000000490,59 66 7 германски
Грб на Санкт Гален SG Санкт Гален St. Gallen 1803 Санкт Гален 486.981 &100000000000000020255392.025,54 222 85 германски
Грб на Тичино TI Тичино Ticino 1803 Белинцона 336.943 &100000000000000028121992.812,2 110 157 италијански
Грб на Тургау TG Тургау Thurgau 1803 Фрауенфелд[2] 254.528 &10000000000099102000000991,02 229 80 германски
Грб на Ури UR Ури Uri 1291[13] Алтдорф 35.382 &100000000000000010765701.076,57 33 20 германски
Грб на Фрибур FR Фрибур Fribourg 1481 Фрибур 284.668 &100000000000000016707001.670,7 141 167 француски, германски
Грб на Цирих ZH Цирих Zürich 1351 Цирих 1.406.083 &100000000000000017290001.729 701 171 германски
Грб на Цуг ZG Цуг Zug 1352 Цуг 116.559 &10000000000023869000000238,69 416 11 германски
Грб на Шафхаузен SH Шафхаузен Schaffhausen 1501 Шафхаузен 77.139 &10000000000029842000000298,42 246 27 германски
Грб на Швиц SZ Швиц Schwyz 1291[13] Швиц 147.904 &10000000000090792000000907,92 143 30 германски
Грб на Швајцарија CH Швајцарија Берн 7.968.705 &1000000000000004128457041.284,57 174 2.596 германски, француски, италијански, реторомански

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1.   Владата и парламентот се во Херизау, но судството е во Троген
  2.   Парламентот Фрауенфелд и Вајнфелден

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Bernhard Ehrenzeller, Philipp Mastronardi, Rainer J. Schweizer, Klaus A. Vallender (eds.) (2002). Die schweizerische Bundesverfassung, Kommentar. ISBN 3-905455-70-6.  Cited as Ehrenzeller.
  • Häfelin, Ulrich; Haller, Walter; Keller, Helen (2008). Schweizerisches Bundesstaatsrecht (7th издание). Zürich: Schulthess. ISBN 978-3-7255-5472-0.  Cited as Häfelin.
  1. „Cantons, In the Old Confederation until 1798“ на германски, француски и италијански во „Историски лексикон на Швајцарија“.
  2. „Jura (Canton)“ на германски, француски и италијански во „Историски лексикон на Швајцарија“.
  3. „кантон“ — Лексикон на македонскиот јазик на оф.нет
  4. Швајцарија“. Енциклопедија „Британика“ 26: 251. (1911). (конс. 11 ноември 2008 г)
  5. 5,0 5,1 „Cantons, In the Federal State since 1848“ на германски, француски и италијански во „Историски лексикон на Швајцарија“.
  6. Влада на Швајцарија со врски до секоја кантонска влада, конс. 11 ноември 2008 г (англиски)
  7. Сојузна статистичка служба (2008). „Службен список на општини во Швајцарија“ (Microsoft Excel). архивирано од оригиналот на 11 јуни 2008. http://web.archive.org/web/20080611153041/http://www.bfs.admin.ch/bfs/portal/de/index/regionen/thematische_karten/maps/uebersichtskarte.html. конс. 11 ноември 2008 г.  (германски)
  8. 8,0 8,1 дел од Апенцел сè до 1597/1999 г.
  9. како Базел до 1833/1999 г.
  10. дел од Базел сè до 1833/1999 г.
  11. се отцепил од Берн
  12. полагал право прускиот крал Фридрих Вилхелм III сè до Невшателската криза во 1856–1857 г.
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 основачки шумски кантон, основано во 1307, 1304 или 1291 г.
  14. како Унтервалден
  15. Може да се смета за основан во 1315 г. како дел од Унтервалден

Надворешни врски[уреди | уреди извор]