Фрибур (кантон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кантон Фрибур/Фрајбург
Canton de Fribourg
Kanton Freiburg
Кантон
Грб на Кантон Фрибур/Фрајбург Canton de Fribourg Kanton Freiburg
Грб

Местоположба во Швајцарија
Административен центарФрибур/Фрајбург
Поделба168 општини, 7 окрузи
Управа
 • Извршна властДржавен совет (7)
 • Законодавна властГолем совет на Фрибур (130)
Површина[1]
 • Вкупна1.671,42 км2 (645,34 ми2)
Население (декември 2011)[2]
 • Вкупно284.668
 • Густина170/км2 (440/ми2)
ISO 3166CH-FR
Највисока точка2389 m: Ванил Ноар
Најниска точка429 m: брегот на Нешателско Езеро
Пристапено1481
Јазицифранцуски, германски
Мреж. местоfr.ch

Кантон Фрибур/Фрајбург (скратеница FR, француски: Le canton de Fribourg, германски: Kanton Freiburg) – кантон во средишниот дел на Швајцарија. Главен град на кантонот и негова најголема населба е градот Фрибур/Фрајбург.

Природни одлики[уреди | уреди извор]

Окрузи во кантонот Фрибур/Фрајбург

На север кантонот Фрибур/Фрајбург со свои енклави излегува на Нешателско Езеро. Северниот дел е брановиден и понизок, па е понаселен и стопански поразвиен. Посебно е важна долината на реката Сарин, каде е најголема концентрацијата на население и стопанство. Јужниот и средишниот дел на кантонот им припаѓа на Бернските Алпи. Највисокиот врв е на надморска висина од 2.389 метри. Површината на кантонот е 1.671,42 км2.

Окрузи[уреди | уреди извор]

  1. Броје - седиште Еставаје ле Лак,
  2. Вевејсе - седиште Шате-Сен-Дени,
  3. Глане - седиште Ромон,
  4. Гријер - седиште Буле,
  5. Зе - седиште Муртен/Морат,
  6. Сарин - седиште Фрибур/Фрајбург,
  7. Сензе - седиште Таферс.

Население и населби[уреди | уреди извор]

Кантонот Фрибур/Фрајбург во 2018 година имал 318.714 жители.

Кантонот Фрибур/Фрајбург е двојазичен. Се зборуваат француски (63,2%) и германски јазик (29,2%), или попрецизно дијалекти на овие јазици. Францускиот преовладува на југ и запад, додека германскиот на север и исток на кантонот. Градовите Фрибур/Фрајбург и Муртен/Морат се двојазични.

Поголемиот дел од населението се католици (73%) со значајно протестантско малцинство.

Најголеми градови се:

Стопанство[уреди | уреди извор]

Главни стопански активности се: земјоделство (сирење, тутун, овошје), производство на хидроелектрична енергија и ситни индустриски претпријатија. Од кантонот Фрибур потекнува сирењето гријер.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Arealstatistik Land Cover - Kantone und Grossregionen nach 6 Hauptbereichen accessed 27 October 2017
  2. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]