Швиц (кантон)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Kanton Schwyz
—  Кантон во Швајцарија  —

Грб
Map of Switzerland, location of Швиц highlighted
Координати: 47°04′ СГШ 8°45′ ИГД / 
Главен град Швиц
Најголем град Фрајенбах
Поделба 30 општини, 6 окрузи
Управа
 • Извршна Regierungsrat (7)
 • Законодавна Kantonsrat (100)
Население (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 • Вкупно 147,904 жит.
Највисока точка 2.802 m (9,193 ft) - Бес Фулен
Најниска точка 406 m (1,332 ft) - Циришко Езеро
Приклучување кон Конфедерацијата 1291
Кратенки SZ
Јазици германски
Портал SZ.ch

Швиц (германски: Schwyz) е еден од кантоните во Швајцарија. Швиц се наоѓа во централна Швајцарија и името потекнува од градот Швиц, кој е и главен град на кантонот. Швиц е еден од основачите на Швајцарската Конфедерација и по него е добиено името на Швајцарија. Покрај тоа, грбот на кантонот е извор за знамето и грбот на Швајцарија.

Географија[уреди]

Вкупната површина на Швиц е 908.2 километри квадратни. Околу 41% од вкупната површина на кантонот е обработлива, 33.7% е прекриена со шума, 5.4% е населена и 20% е непродуктивна.[2]

Кантонот се наоѓа во централна Швајцарија. Низ кантонот течат реките Шил и Муота. Во рамките на кантонот се и делови од Циришкото Езеро, Езерото Цуг и Езерото Луцерн, а целосно во кантонот се езерата Лауерц и Шил.

Административна поделба[уреди]

Окрузи во Швиц.

Канотнот е поделен на 6 окрузи и 30 општини.

окрузи општини
Швиц Швиц, Арт, Ингенбол, Муотатал, Штајнен, Зател, Ротентурм, Обериберг, Унтериберг, Лауерц, Штајнерберг, Моршах, Алптал, Илгау, Рименшталден
Ајнзиделн Ајнзиделн
Герсау Герсау
Хефе Волерау, Фрајенбах, Фојзисберг
Киснахт Киснахт ам Риги
Марх Лахен, Алтендорф, Галгенен, Фордетал, Инертал, Шибелбах, Туген, Ванген, Рајхенбург

Демографија[уреди]

Швиц има население од 146.730 жители според податоците од 2008 година. Околу 15.6% од населението се странци. Најголем дел од населението зборува германски, односно 115.688 жители (89.9%). Втор најзборуван јазик е српскохрватскиот со 2.667 жители или 2.1% и трет е албанскиот со 2.477 жители или 1.9%.[2]

Наводи[уреди]

  1. Сојузна статистичка служба на Швајцарија — STAT-TAB Ständige und Nichtständige Wohnbevölkerung nach Region, Geschlecht, Nationalität und Alter (германски)
  2. 2,0 2,1 Swiss Federal Statistical Office accessed 24-February-2012

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]