Лениште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лениште
Црква Св. Петка во Лениште 6362.jpg

Црквата „Св. Петка“ во Лениште

Лениште is located in Македонија
Лениште
Местоположба на Лениште во Македонија
Координати 41°21′37″N 21°37′23″E / 41.36028° СГШ; 21.62306° ИГД / 41.36028; 21.62306Координати: 41°21′37″N 21°37′23″E / 41.36028° СГШ; 21.62306° ИГД / 41.36028; 21.62306
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Commons-logo.svg Лениште на Ризницата

Лениште — раселено село во Општина Прилеп од збиен тип, се дели на одавде и оданде маало. Се наоѓа северо-источно од Прилеп, десно од патот Прилеп-Кавадарци. Од 1912 година селото постепено се раселувало, најчесто во Прилеп. Масовно иселување се случило во периодот од 1961 до 1971 година.

До селото води асфалтиран пат. Над самото село се наоѓа манастирот Св. Петка. Соседни села се селата Плетвар и Селце.

Порано на гребенот источно од Лениште имало орман, имало истечни води кои повремено ги движеле селските воденици. Во дворот на манастирот се наоѓаат воденички камења.

Историja[уреди | уреди извор]

Според едно предание, кое го запишал Марко Цепенков, селото Лениште го добило своето име според ленот кој го сееле жителите.[1]

Според преданијата Лениште го основале жителите на соседното раселено село Заполошко пред околу 170 години. Обработливото земјиште на Лениште во поголемиот дел се наоѓа во атарот на тоа раселено село. Во турско обработливата земја претежно им припаѓала на селаните.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Лениште се наоѓа на Дрен Планина, североисточно од градот Прилеп.

Топоними[уреди | уреди извор]

Долни мост, Караманица, Врвот, Ливада, Бели камења, Ѓупски преслап, Ѓуле, Устрелец, Манастириште, Илино, Топташ, Ѓогдере, Маркова Чешма, Чумкот, Ралев Камен, Заполшки мост, Пешкојца, Плетварска река, Требеница, Крива Река, Коњарник, Сталеа Пештера, Попова нива, Заволчец, Црквиште, Шаторов Камен, Сарика, Гробот, Бара, Корија, Шута Врба и Мал Дом.

Демографија[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век во Лениште живееле околу 380 жители.[2]

  • 1921 година — 44 домаќинства
  • 1948 година — 75 домаќинства — 442 жители
  • 1954 година — 74 домаќинства — 449 жители
  • 1961 година — 92 домаќинства — 419 жители
  • 1971 година — 66 домаќинства — 265 жители

На пописот во 1994 биле попишани 2 жители, а на последниот попис од 2002 год. не бил попишан ниту еден жител и оттогаш селото се смета за раселено.

Лениште е едно од трите избирачки места во Македонија со најмал број запишани избирачи само тројца. Дури и тие не живеат во селото, туку во Прилеп[3][4].

Родови[уреди | уреди извор]

Лениште е македонско село.

Родови во селото се: Аџијовци (8 куќи), Димовци (6 куќи), Терзиовци (4 куќи), Анѓелевци (4 куќи), Апостоловци (2 куќи) Кочовци (2 куќи), Трајковци (1 куќа), Трпчевци (8 куќи) и Будевци (5 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Заплошко, во родот Будевци се знае следната генеологија Ѓоргија (жив на 84 год. во 1950тите) Петре-Ристе-Јовче-Трпе, предокот кој се доселил; Стојановци (10 куќи), Богојевци (7 куќи), Шишковци (3 куќи) и Митревци (2 куќи) некогаш биле еден род, доселени се од мариовското село Вепрчани; Белушани (11 куќи) доселени се од сега албанското село Белушино, доселени се во 1878 година, дошол Стојче со неговите 5 синови; Домазетовци (1 куќа) најмлад род во селото, потекнуваат од домазет доселен од селото Беловодица.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата Св. Петка во истоимениот манастир во село Лениште, Прилепско
Спомен-обележје Карпалак, во Лениште, во знак на почит кон учесниците во воениот конфликт 2001-2002 во Република Македонија[6][7]
  • Селската црква е посветена на Св. Атанас, изградена е пред околу 100 години. Покрај црквата се наоѓаат и гробишта.
  • Манастир Св. Петка, во чиј состав се наоѓа црквата посветена на Св. Петка. Иконите во манастирот ги има изработено Благоја Атанасоски[8].
  • На патот кој води од селото до манастирот Св. Петка во август 2005 поставена е спомен плоча од страна на МО на РМ (инженериски полк) по иницијатива на здружението на резервни воени обврзници.

Настани[уреди | уреди извор]

Селскиот панаѓур е на Св.Атанас „Летен“.

Акција за пошумување[9].


Личности[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. К. Цепенков, Марко (1989). Македонски народни приказни. 5. Скопје: Македонска книга. стр. 133. ISBN 8636900425. 
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  3. Канал 5, Најмало и најголемо избирачко место, 31.05.2008
  4. А1 телевизија, Во Македонија има 145 сосема испустени села, 13.04.2005
  5. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  6. Вечер, ОДБЕЛЕЖАНА ШЕСТГОДИШНИНАТА ОД КОНФЛИКОТОТ КАЈ КАРПАЛАК, 9.08.2007
  7. Здружение на резервни воени обврзници 2001-2002, РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ, пристапено на 05.04.2010
  8. Нова Македонија, Живописувањето е божји дар, пристапено на 05.04.2010
  9. Министерство за животна средина и просторно планирање, Акција за пошумување во с.Лениште - Прилеп, 25.09.2005

Надворешни врски[уреди | уреди извор]