Општина Маково
| Општина Маково (1913-1941, 1952-1955) Месен народен одбор Маково (1945-1952) | |||||
| Општина на Кралство Србија / Царство Бугарија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ | |||||
| |||||
| Главен град/седиште | Маково | ||||
| Составни делови | Брник (1913-1941, 1950-1955), Ивени (1913-1941, 1950-1955), Маково (1913-1941, 1945-1955), Мојно (1913-1941, 1950-1955), Орле (1913-1941, 1945-1955), Путурус (1913-1941), Рапеш (1913-1941, 1945-1955) и Тимонија (1913-1915) | ||||
| Историја | |||||
| - | Основање на Општина Маково | 1913 | |||
| - | Основање на МНО Маково | 1945 | |||
| - | Укинување на Општина Маково | 1955 | |||
| Население | |||||
| - | 1913 | 1,556 жит. | |||
| - | 1921 | 1,126 жит. | |||
| - | 1931 | 1,462 жит. | |||
| - | 1948 | 985 жит. | |||
| - | 1953 | 1,865 жит. | |||
| Управни единици | |||||
| - | Држава | Кралство Србија (1913-1915), Царство Бугарија (1915-1918), Кралство Југославија (1918-1941), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955) | |||
| - | Република | ДФ/НР Македонија (1945-1955) | |||
| - | Покраина | Јужна Србија (1918-1922) | |||
| - | Бановина | Вардарска (1929-1941) | |||
| - | Округ | Битолски (1913-1922, 1945-1947) | |||
| - | Област | Битолска (1922-1929) | |||
| - | Околија | Прилепска (1915-1918), Мариовска (1945-1947), Битолска (1947-1955) | |||
| - | Срез | Прилепски (1913-1915, 1918-1941) | |||
| Денес во | Општина Могила, Општина Новаци | ||||
Општина Маково, именувана и како Месен народен одбор Маково ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1941 и 1945-1955 година.
Историја
[уреди | уреди извор]1913-1915
[уреди | уреди извор]Општина Маково за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија. Општината била дел од Прилепскиот Срез, Битолски Округ.[1]
1915-1918
[уреди | уреди извор]Општина Маково продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Прилепската Околија, Битолски Округ.[2]
Кралство СХС/Југославија
[уреди | уреди извор]За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Маково продолжила да постои во рамки на Прилепскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус и Рапеш.[3][4][5]
1945-1955
[уреди | уреди извор]Месниот народен одбор Маково бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Мариовската Околија, Битолски Округ, и негови составни населени места биле Маково, Рапеш и Орле.[6] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково не претрпел територијални промени. МНО Маково тогаш припаѓал во Битолската Околија.[7] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Маково бил проширен на сметка на укинатиот МНО Брник со селата Брник и Ивени, како и на сметка на укинатиот МНО Мусинци со селото Мојно.[8] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Маково останала територијално непроменета.[9] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Маково била укината, на сметка на новата Општина Мариово која ги добила селата Брник, Маково, Орле и Рапеш, на сметка на проширената Општина Новаци која го добила селото Ивени, како и на сметка на проширената Општина Тополчани која го добила селото Мојно.[10]
Население
[уреди | уреди извор]Според пописот од 1913 година, Општина Маково имала 1,556 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле, Путурус, Рапеш и Тимонија.[1]
Според пописот од 1921 година, Општина Маково имала 1,126 жители. Според верската припадност, сите биле православни. Според јазичната припадност, сите биле Срби/Хрвати.[11][б 1]
Според пописот од 1931 година, Општина Маково имала 1,462 жители, од кои 744 биле мажи, а 688 биле жени. Општината се состоела од 264 куќи и 2646 домаќинства.[12]
Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Маково имал 985 жители, односно вкупното население на Маково, Орле и Рапеш. Од таа бројка, сите биле Македонци.[13]
Според пописот од 1953 година, Општина Маково имала 1,865 жители, односно вкупното население на Брник, Ивени, Маково, Мојно, Орле и Рапеш. Од таа бројка, 1,863 биле Македонци, додека 2 биле Срби.[14][15]
Следува табела по населени места:[16]
| Населено место | Домаќинства | Жители |
|---|---|---|
| Брник | 40 | 228 |
| Ивени | 53 | 321 |
| Маково | 77 | 455 |
| Мојно | 30 | 209 |
| Орле | 27 | 224 |
| Рапеш | 74 | 428 |
| Вкупно | 301 | 1.865 |
Следува табела по пол и возраст:[17]
| Пол | Вкупно | Вкупно население по возраст | ||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 0-4 | 5-9 | 10-14 | 15-19 | 20-24 | 25-29 | 30-34 | 35-39 | 40-44 | 45-49 | 50-54 | 55-59 | 60-64 | над 65 | непознато | ||
| вк. | 1.865 | 301 | 167 | 195 | 220 | 194 | 169 | 123 | 48 | 73 | 68 | 71 | 77 | 66 | 91 | 2 |
| м. | 978 | 145 | 88 | 106 | 120 | 100 | 78 | 64 | 26 | 39 | 32 | 41 | 44 | 36 | 57 | 2 |
| ж. | 887 | 156 | 79 | 89 | 100 | 94 | 91 | 59 | 22 | 34 | 36 | 30 | 33 | 30 | 34 | - |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 25. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско. Софија: Министерство за внатрешни работи и народно здравје. 1917. стр. 8. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2025. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ Маринковиќ, Влад, уред. (1930). Rečnik-imenik mesta Kraljevine Jugoslavije. Белград. стр. 87, 198, 279, 302, 326, 380, 387,. Занемарен непознатиот параметар
|subscription=(help)CS1-одржување: излишна интерпункција (link) - ↑ Никетиќ, Гојко, уред. (1931). Административни речник места Краљевине Југославије. Белград. стр. IX, 61, 291, 410, 451, 491, 566, 583.
- ↑ Аранѓеловиќ, Тихомир Ј., уред. (1935). Именик-регистар насељених места Краљевине Југославије. 1. Белград: Министерство за војска и морнарица. стр. 113 (271), 451 (609).
- ↑ „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 164. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 15 октомври 2025. line feed character во
|title=во положба 76 (help); Наводот journal бара|journal=(help) - ↑ „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 23. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 15 октомври 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 195. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 15 октомври 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 98. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 15 октомври 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 234. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 15 октомври 2025. Наводот journal бара
|journal=(help) - ↑ „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 92-93. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ „Definitivni rezultati popisa stanovništva od 31 marta 1931 godine - Knjiga I“ (PDF). Белград: Општа државна статистика на Југославија. 1937. стр. 104. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 јуни 2021. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 15 октомври 2025.
- ↑ Popis stanovništva 1953. Knjiga 13, Stanovništvo i domačinstva. Podaci za naselja i delove naselja prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1959
- ↑ Popis stanovništva 1953. Knjiga 11, Starost, pismenost i narodnost. Podaci za opštine prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1960
| ||||||||||
- Држави и територии настанати во 1913 година
- Држави и територии распаднати во 1955 година
- Општини во Македонија основани во 1913 година
- Општини во Македонија основани во 1945 година
- Општини во Македонија укинати во 1955 година
- Поранешни општини во Македонија
- Прилепска Околија
- Мариовска Околија
- Битолска Околија
