Тркање (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тркање)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тркање
Тркање is located in Македонија
Тркање
Местоположба на Тркање во Македонија
Координати 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° СГШ; 22.36222° ИГД / 41.90639; 22.36222Координати: 41°54′23″N 22°21′44″E / 41.90639° СГШ; 22.36222° ИГД / 41.90639; 22.36222
Општина Кочани
Население 1225 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2300
Надм. вис. 348 м
Тркање на општинската карта
Тркање во Општина Кочани.svg

Атарот на Тркање во рамките на општината
Commons-logo.svg Тркање на Ризницата


Тркање — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани. .

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа од десната страна на магистралниот пат Штип-Кочани, на околу 5 километри од градот Кочани. Низ селото поминува Трканска Река која извира од јужната страна на Осогово.[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото било дел од Кочанската каза во Отоманското Царство.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Тркање живееле 680 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тркање имало 680 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, селото има 1.225 жители, од кои 1.224 Македонци и 1 Србин.[4]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 680[2] 680[3] 841 931 1.065 1.060 1.161 1.206 1.243 1.225

Родови[уреди | уреди извор]

Тркање е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Пуќовци (16 к.), Тацковци (14 к.), Ташковци или Поповци (8 к.), Гаџовци (6 к.), Молецовци (8 к.), Пендовци (6 к.), Ѓауровци (5 к.), Буријарци (5 к.), Бодушовци (4 к.), Мусовци (2 к.), Голубовци (7 к.), Рендевци (5 к.), Газарци (5 к.), Деповци (4 к.), Гицовци (4 к.), Пржовци (2 к.), Посателци (6 к.), Рогушеви (6 к.), Златанови (3 к.) и Самантелци (2 к.) за овие родови не се знае дали се староседелци или доселеници со непознато потекло.
  • Рунтевци (6 к.) доселени се од сега раселеното село Десовица над селото Бања.
  • Бунишовци (6 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.[6]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[уреди | уреди извор]

Споменици[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 73. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 226.
  3. 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница. 
  7. Црква „Св. Петка“ во Тркање — Брегалничка епархија
  8. „Првпат доаѓам на местото на погибијата на дедо ми Никола Карев“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 11.