Прејди на содржината

Црква „Св. Никола“ - Тркање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Никола

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоКочанско
ПарохијаОблешевска
Местоположба

Карта

Координати41°54′37″N 22°21′38″E / 41.91028°N 22.36056°E / 41.91028; 22.36056
МестоТркање
ОпштинаКочани
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Никола
Завршено1830
Живопис1868
Архитектонски опис
Стилпреродбенички

Свети Никола — главна селска црква во кочанското село Тркање, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.[2]

До 1912 година, во кругот на црквата се наоѓале селските гробишта. Подоцна, гробиштата биле преместени и денес се јужно од селото.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1830 година, но не се знае од кого и кога била осветена.[3]

Во триод од храмот има приписки: „Знано буди 1883 година падна церквата“, „Този триодонъ е купенъ съ цѣрковни пари 1849“ и „Церквата е правена 1883“. Од нив може да се заклучи дека храмот силно настрадал и во 1883 година бил одново изграден.[4]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Храмот бил живописан во 1868 година.[3]

Еден од зографите што работеле на обновата е Евтим Иванов од Осој, Дебарско, кој подоцна се преселил во Кочани. Во полукуполата над западната врата во припратата тој оставил натпис: „Воиимѧа ѿца и сїна и светаго дха сей божествени храмъ на Светаго Ніколаї обновисѧ во лето: 1917: г: ме априлъ дена 4: но това време бѣ с Х. у свещенїкъ Ѧне питропъ Ефремъ Димитрїевъ настоѧтелъ Ефтим Зашовъ и Гуцо Арсофъ изъ руки Ефтимъ: Ивановъ от Дебрско с: Осой + клисаръ Хрланпи Ефтимовъ“.[4]

Во 1889 година, на црквата работел дебарскиот мајстор Исаија Џиков, сликајќи фрескопис и икони. Од внатрешната страна над северната врата е зачуван натпис: „Вославу стїыѧ единосущныѧ животворѧщиѧ и нераздѣлныѧ троице ѡца и сна итаго дха: иже во богохранимотъ село Таркане исписахсѧ сеи бжестненыі црковъ сти Николае исо вси ѡпщаѧ христианскаѧ помощъ: изруки зуграфъ Исаиѧ ѿ каза деборска ѿ село Осой Џиковъ: 1889: ле.“ Според Асен Василиев фреските се „безживотни и задоени со декадентен вкус“. Иконите во храмот според него се подобри, како како на пример оние на Свети Атанасиј, Архангел Михаил, Свети Никола, Пресвета Богородица, датирана „Во лѣто 1883 октомврій 27 д.“, Исус Христос (59 × 95 см) со натпис: „Си. икони изъ руки Исаиѧ Джиков ѿ село Ѡсоиі: 1883“, Јован Кръстител, Архангел Гавриил, датирана 1883 г., Свети Илија со натпис: „Сиѧ икона приложи Илчѡ Филиповъ за чадомъ его Кузманъ Миѧилъ Ефтимъ Ћерасимъ Псалтиръ Доца Иѡрдана 1883“. На северниот ѕид на храмот е иконата на Свети Ѓорѓи, натпишана со „Сиѧ икона приложи Иованъ Миновъ со чадомъ Мино Щерю Ташо Ангеле Гиѡрги 1884“. На јужниот ѕид е иконата на Свети Димитрија, датирана 1883 г.[5] Во црквата има творби кои му се припишуваат велешкиот мајстор Крсте Зограф.[6]

Икони и иконостас

[уреди | уреди извор]

Празничните икони на иконостасот се од 1858 година, дело на крушевскиот зограф Никола Михајлов.[7]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 1 2 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 99. OCLC 16745284.
  3. 1 2 „Облешевска парохија“. Брегалничка епархија. Посетено на 2024-11-19.
  4. 1 2 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: Наука и изкуствo. стр. 258.
  5. Василев, стр. 267
  6. Ајтовска, Љубинка, Илинка Атанасова (2017). Црквата Свети великомаченик Георгиј – еден век постоење. Кочани: Општина Кочани. стр. 29.
  7. Николоски, Дарко. „Прилог кон делото на зографот Никола Михаилов“ (PDF). Ниш и Византија XI: зборник радова. Симпозиум „Ниш и Византија XI“, Ниш. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-08. Посетено на 8 април 2014. Занемарен непознатиот параметар |дата= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]