Гази Баба (населба)

Координати: 41°59′59″N 21°29′42″E / 41.99972° СГШ; 21.49500° ИГД / 41.99972; 21.49500
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Гази Баба)
Гази Баба
Гази Баба во рамките на Македонија
Гази Баба
Местоположба на Гази Баба во Македонија
Гази Баба на карта

Карта

Координати 41°59′59″N 21°29′42″E / 41.99972° СГШ; 21.49500° ИГД / 41.99972; 21.49500
Регион Скопски
Општина Гази Баба, Чаир
Област Скопско Поле
Население 38.426[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Шифра на КО 25997
Надм. вис. 237 м
Гази Баба на општинската карта

Атарот на Гази Баба во рамките на општината

Гази Баба — населба во состав на Општина Гази Баба и Општина Чаир во Скопје. Населбата се наоѓа источно од центарот на градот и претставува седиште на истоимената општина. Општината има 15 населени места и брои 72.222 жители, од кои 53.106 се Македонци.[1]

Име[уреди | уреди извор]

Името на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје. Неговото турбе кое се наоѓало во оваа општина е оштетено од Скопскиот земјотрес од 1963 г. и останало во урнатини.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година, населбата има 15.182 жители, од кои:[1]

националност број
Македонци 13.254
Албанци 523
Турци 131
Роми 246
Власи 67
Срби 657
Бошњаци 83
останати 222

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Гази Баба има 38.426 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 28.887
Албанци 2.755
Турци 413
Роми 1.099
Власи 145
Срби 1.026
Бошњаци 607
Други 3.494

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 28 мај 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.