Прејди на содржината

Очипала

Координати: 41°59′51″N 22°44′35″E / 41.99750° СГШ; 22.74306° ИГД / 41.99750; 22.74306
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Очипале)
Очипала

Маало на селото

Очипала во рамките на Македонија
Очипала
Местоположба на Очипала во Македонија
Очипала на карта

Карта

Координати 41°59′51″N 22°44′35″E / 41.99750° СГШ; 22.74306° ИГД / 41.99750; 22.74306
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 73 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09019
Надм. вис. 600 м
Очипала на општинската карта

Атарот на Очипала во рамките на општината
Очипала на Ризницата

Очипала, се среќава и како Очипале или Очипаре — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Куќи во селото

Очипала се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, на оддалеченост од околу 5 км од Делчево. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 600 метри. Неговиот атар зафаќа површина од 6,7 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на XX век, Очипала било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 212 ха, шумите се на површина од 218 ха, а на пасишта отпаѓаат 179 ха.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948—    
1953238—    
1961230−3.4%
1971195−15.2%
1981141−27.7%
ГодинаНас.±%
1991112−20.6%
1994106−5.4%
200292−13.2%
202173−20.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Очипала живееле 10 жители, сите Македонци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 92 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 73 жители, од кои 72 Македонци и 1 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 10 238 230 195 141 112 106 92 73
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Доселеници: Топчији (6 к.) доселени се во 1885 година од селото Драмче; Прдловци (3 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Малчове (3 к.) доселени се во 1911 година од селото Бигла; Мишеве (5 к.) доселени се во 1913 година од селото Бигла; Дуовци (4 к.) доселени се во 1914 година од селото Драмче; Јовановци (5 к.) доселени се во 1914 година од селото Киселица; Мандалевци (2 к.) доселени се во 1918 година од селото Драмче.[11]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Во селото има основно училиште до четврто одделение.

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0589 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на старото училиште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 79 гласачи.[14]

Културни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[15]
Цркви[16]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Очипала
  • Ратко Димитровски (р. 1956) — македонски стопанственик и политичар, поранешен градоначалник на Кочани
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 226.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2018.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  12. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 11 јули 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-06-07. Посетено на 11 јули 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  16. „Се гради првата црква во делчевското село Очипала“. A1on. 4 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2017-08-09. Посетено на 16 јули 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]