Прејди на содржината

Општина Бач

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Општина Бач (1955-1957))
Оваа статија се однесува на Општина Бач. За истоименото село, видете Бач.
Општина Бач
(1952-1955, 1996-2004)
Месен народен одбор Бач
(1945-1952)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ / Македонија

1945–2004 / април 2005 1955|
 
1955|
 
2005|
Местоположба на Општина Бач
Местоположба на Општина Бач
Границите на Општина Бач во периодот 1945-1955 година
Местоположба на Општина Бач
Местоположба на Општина Бач
Границите на Општина Бач во периодот 1996-2005 година
Главен град/седиште Бач
Составни делови 1945-1952: Бач и Гермијан

1952-1955: Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Гнилеж, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович

1996-2005: Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович

Историја
 - Основање на Месен народен одбор Бач 1945
 - Преименување во Општина Бач 1952
 - Укинување на Општина Бач 1955
 - Основање на Општина Бач 1996
 - Укинување на Општина Бач (со закон) / последно заседавање на општинскиот совет 2004 / април 2005
Население
 - 1953 4.863 жит.
 - 2002 755 жит.
Управни единици
 - Држава ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955)
Македонија (1996-2004)
 - Република ДФ/НР Македонија (1945-1955)


 - Округ Битолски (1945-1955)
 - Околија Битолска
Денес во Општина Новаци

Општина Бач, именувана и како Месен народен одбор Бач — поранешна општина во Јужна Македонија, која постоела во периодот 1945-1955 и 1996-2005 година. Општината престанала да постои согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога била припоена на Општина Новаци. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Бач.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Месниот народен одбор Бач бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Битолската Околија, Битолски Округ, а во него спаѓале населените места Бач и Гермијан.

Согласно административната поделба од 1952 година, Месен народен одбор Бач бил преименуван во Општина Бач, а територијално општината се проширила со селата Брод, Велесело, Гнилеж, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Совиќ. Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Бач била укината и нејзината општинска територија била поделена помеѓу Општина Новаци и новосоздадената Општина Бистрица.

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Бач била обновена на сметка на намалената Општина Битола. Нејзини населени места биле Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович. Според административната поделба од 2004 година, Општина Бач била повторно укината на сметка на проширената Општина Новаци.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Во Општина Бач спаѓале следниве села: Бач, Брод, Велесело, Гермијан, Добровени, Живојно, Полог, Скочивир, Сливница и Сович. Селото Гнилеж било дел од општината во периодот од 1952 до 1955 година.

Население

[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1953 година, во Општина Бач живееле 4.863 жители. Според пописот од 2002 година, последниот кога постоела општина, во општината живееле 755 жители.

Година 1948 1953 2002
Населено место жители домаќинства жители жители
Бач 651 113 673 172
Брод 117 799 57
Велесело 14 117 4
Гермијан 601 103 601 257
Гнилеш 20 170
Добровени 60 338 18
Живојно 148 942 214
Полог 16 114 0
Скочивир 73 449 30
Сливица 32 232 3
Совиќ 53 428 0
Вкупно 1.252 749 4.863 755

Возраст и пол

[уреди | уреди извор]
Пол Вкупно Вкупно население по возраст (1953)[2]
0-4 5-9 10-14 15-19 20-24 25-29 30-34 35-39 40-44 45-49 50-54 55-59 60-64 над 65 непознато
вк. 4.863 863 569 491 472 458 395 325 145 228 208 171 147 120 270 1
м. 2.475 453 291 224 238 237 185 142 70 123 123 88 73 59 169
ж. 2.388 410 278 267 234 221 210 183 75 105 85 83 74 61 101
  1. „Закон за територијалната поделба на Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
  2. Popis stanovništva 1953. Knjiga 11, Starost, pismenost i narodnost. Podaci za opštine prema upravnoj podeli u 1953 godini. Beograd : Savezni zavod za statistiku, 1960

Поврзано

[уреди | уреди извор]