Д’лга
Д’лга — село во Општина Куманово, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во најјужниот дел на Кумановско, недалеку од областа Скопска Блатија. Лежи во западното подножје на Градиштанска Планина, на надморска височина од 385 м. Атарот зафаќа површина од 6,4 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Д’лга е населено уште од неолитот за што сведочи наоѓалиштето Огражди на неговиот источен крај.[3] Селото било населено со Турци.
Демографија[уреди | уреди извор]
Во втората половина на XX век забележано е дека речиси сите жители на селото биле Турци и ова не се променило до неговото иселување во 1990-тите. Во повоениот период забележан е помал број на Роми. Тогаш аселението доживеало извесен раст, а потоа се намалило. До позначајно намалување дошло во 1970-тите, кога населението спаднало од 322 жители во 1971 на 199 жители во 1981 г. Најнаглиот пад следел во наредните години, со што во 1991 г. Д’лга се свела на 8 жители. Во следните неколку години тие се намалиле на двајца жители, а потоа селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Д’лга немала ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[4] | 1905[5] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 314 | 372 | 312 | 322 | 199 | 8 | 2 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Селска џамија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Огражди — населба од неолитот
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 97. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 208. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |