Чашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чашка (Велешко))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чашка
Caska Macedonia.jpg

Поглед на селото Чашка

Чашка is located in Македонија
Чашка
Местоположба на Чашка во Македонија
Координати 41°39′02″N 21°39′43″E / 41.65056° СГШ; 21.66194° ИГД / 41.65056; 21.66194Координати: 41°39′02″N 21°39′43″E / 41.65056° СГШ; 21.66194° ИГД / 41.65056; 21.66194
Општина Општина Чашка
Население 1471 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1413
Надм. вис. 240 м
Мреж. место Чашка
Чашка на општинската карта
Чашка во Општина Чашка.svg

Атарот на Чашка во рамките на општината
Commons-logo.svg Чашка на Ризницата


Чашка — село и седиште на истоимената Општина Чашка, во околината на градот Велес.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Железничката станица „Чашка“

Чашка е рамничарско село и лежи на надморска височина од 240 метри, од десната страна на реката Тополка. Од градот Велес е оддалечена 13 километри и претставува железничка станица на пругата Велес - Прилеп - Битола.

Историja[уреди | уреди извор]

Развојот на Чашка започнува во времето на изградбата на железничката пруга Велес - Прилеп - Битола во триесеттите години на ХХ век.

Поголем развој селото бележи по Втората светска војна, кога поради својата специфична местополжба и близина до градот Велес во него се доселуваат голем број на жители од околните села. Во текот на шеесетите и седумдесетите години на ХХ век во селото се изградени повеќето инфраструктурни и стопански објекти.

Економија[уреди | уреди извор]

Чашка е стопански многу активно село. Главно селото има полјоделска функција поради самата местоположба (алувијална рамнина на реката Тополка). Најмногу се одгледува пченица, пченка, јачмен, тутун, грав, зелка, домати и други градинарски култури. Во помала мера застапено е и сточарството особено одгледувањето на овци и крави.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja. Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Чашка живееле 262 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чашка имало 120 Македонци, егзархисти.[2]

Според послениот Попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.471 жител. Следува табела на националната структура на населението:[3]

Националност Вкупно
Македонци 1.425
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 44
Бошњаци 0
Други 2

Порастот на населението пред се се должи на доселувањето на луѓе од околните села и селата во областа Азот поради самата местоположба на Чашка, која има функции на помало градче. Истотака порастот на населението се должи и на големата стапка на новородени деца.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 262[1] 120[2] 398 491 561 834 1.158 1.339 1.346 1.471

Родови[уреди | уреди извор]

Во селото Чашка живеат следните македонски родови: Крушаровци, Новаковци, Ризовци, Науновци (овие родови го основале денешното село Чашка доселувајќи се од соседното сега раселено село Црници), Маневи, Таневци, Милкини, Шотевци, Савинци, Недини, Бошковци, Коликрава[5].

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Климент Охридски“ во Чашка

Во селото работат осумгодишно основно училиште, црква, пошта, амбуланта, ветеринарна станица. Истотака има и споменик посветен на НОБ.

Цркви[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Чашка претставува седиште на истоимената Општина Чашка.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Хереон (Чашка) - ископини од римска гробница во археолошкото наоѓалиште на местноста Сулинар, во непосредна близина на последните куќи крај железничката пруга и станица
  • Врчви (Чашка) - наоѓалиште на неколку добро сочувани ранохристијански гробови
  • Мрамор (Чашка) - населба од неолитот. Позната по тоа дека тука е пронајдена глинената Окарина стара 6000 години.[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од ноември 2007 Општина Чашка започна со регистрација на недвижен имот. Оваа активност започна со конституирање на комисии за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот и обука на членовите на комисиите за користење на методологијата за утврдување на пазарната вредност која се одржа во Скопје. Обуката ја спроведуваше ЗФРЛСЈП и експерти предавачи како и самиот творец на Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот Г-дин Васе Доневски.

Со спроведувањето на проект на УНДП ”Меѓуопштински партнерства за ефикасно испорачување на услуги” во соработка со Министерството за локална самоуправа, Општина Чашка доби база на податоци за даночни обврзници. Истовремено се изврши нова регистрација на целокупниот имот на својата територија и со тоа се постигна зголемување на даночниот капацитет на Општина Чашка.

Затоа, со оваа цел на спроведувањето на активноста се изврши ажурирање на податоците содржани во базата што беше превземена од Управата за јавни приходи и се доби една реална слика на сите даночни обврзници и имоти на спомнатата територија составена од поранешните општини Извор, Богомила како и Горно и Долно Јаболчиште.

Општина Чашка има 42 населени места,претходно некои од нив не беа регистрирани како даночни обврзници,односно беа ослободени со закон . За завршувањето на евиденцијата на обврзниците и имотите се формира една комисија за регистрација во летниот период кога многу од имотите и даночните обврзници се присутни за да можат да бидат регистрирани и евидентирани,со што завршна фаза на проектот беше во октомври 2008 година. По завршувањето на евиденцијата на обврзниците и имотите и нивната проценка се пристапи кон ажурирање на базата на податоци која Општина Чашка ги имаше превземено од УЈП .Претходната состојба броеше околу 1000 даночни обврзници а со превземената активност бројот се зголеми и изнесува околу 3200 даночни обврзници.

Новата ажурирана база беше ставена во функција за изготвување на редовни решенија за 2008 година, со помош на меѓуопштинската соработка со Општина Велес. Целата активност беше финансиски поддржана од UNDP и има за цел промовирање на меѓуопштинска соработка како ефективен пристап во испорачување на јавни услуги. Решенијата за данок на имот веќе ги дистрибуираат претседателите на месни заедници на Општина Чашка. Од подготвеноста на граѓаните за подмирување на обврските како даночни обврзници, ќе зависи висината на Буџетот како и успехот на активностите за развој на Општина Чашка во наредниот период да помогнат во реализацијата на стратешките планови и проекти.

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900,  с. 157
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.118-119.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.268
  6. Археолошки локалитети

Надворешни врски[уреди | уреди извор]