Кеплер-11

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-11
Kepler11.png
Уметничка замисла за истовремениот премин на три планети пред Кеплер-11 набљудувани од вселенското летало на НАСА, Кеплер на 26 август 2010 година.
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 48м &1000000000027622800000027,6228с[1]
Деклинација +41° 54′ &1000000000003290300000032,903″[1]
Привидна величина (V)14,2[2]
Особености
Спектрален типG6V[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: −0.038±0.025[1] mas/yr
Dec.: −7.069±0.029[1] mas/yr
Паралакса (π)1.5184 ± 0.0151[1] mas
Растојание2150 ± 20 ly
(659 ± 7 pc)
Апсолутна величина (MV)4,7[3]
Податоци [3]
Маса1.042±0.005 M
Полупречник1.021±0.025 R
Површ. грав. (log g)4.44±0.02
Температура5836±7 K
Вртежна брзина (v sin i)2.2±0.2 км/с
Старост3.2±0.9 Гг.
Други ознаки
KIC 6541920, KOI-157[4]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-11сончеволика ѕвезда малку поголема од Сонцето во соѕвездието Лебед, сместена на растојание од 2.150 светлосни години од Земјата. Сместена е во видното поле на Кеплер, сателит на НАСА кој се користи за да се забележат планети кои преминуваат пред нивните матични ѕвезди. На 2февруари 2011 година е објавено дека овој ѕвезден систем е меѓу најкомпактните и најрамните системи досега откриени. Станува збор за првиот забележан систем со шест планети во премин. Сите планети се поголеми од Земјата, при што поголемите се со големина слична на Нептун.

Номенклатура и историја[уреди | уреди извор]

Кеплер-11 и нејзините планети биле забележани од мисијата на НАСА, Кеплер, мисија со цел за откривање на планети во премин пред нивните матични ѕвезди. Начинот на кој работи Кеплер користи падови во сјајноста на ѕвездите. Овие падови на сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити се пред матичната ѕвезда гледано од Земјата. Кеплер-11 е првиот забележан систем со повеќе од три планети во премин.[5]

Кеплер-11 е именуван споре Кеплеровата мисија: станува збор за 11-ата ѕвезда околу која се потврдени планети во вовидното поле на самата мисија. Планетите се именувани по азбучен ред, започнувајќи од највнатрешната: b, c, d, e, f и g, додавки на името на матичната ѕвезда.

Споредба на орбитите на планетите околу Кеплер-11 со орбитите на Меркур и Венера.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Кеплер-11 е ѕвезда од тип G со приближно 104% од масата и 102% од полупречникот на Сонцето. Има површинска температура од 5.836 K и се смета дека нејзината старост изнесува 3,2 милијарди години.[3] За споредба, Сонцето е со старост од 4,6 милијарди години[6] и има површинска температура од 5.778 K.[7]

Со привидна величина од 14,2, и е премногу темна за да се види со човеково око.[2]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Сите познати планети преминуваат пред ѕвездата; ова значи дека сите 6 планети минуваат пред ѕвездата гледано од Земјата. Нивниот наклон е релативен во однос на Земјата, односно колку се под и над орбитата на набљудување, се менува за помалку од степен. Ова овозможува да се извршат директни мерења на периодите на планетите и нивните релативни пречници во однос на матичната ѕвезда, следејќи го преминот на секоја од планетите пред ѕвездата. Симулациите наведуваат дека средните заеднички наклони на планетарните орбити се околу 1°, што пак значи дека системот е копланарен (посплескан) од Сончевиот Систем, каде соодветната вредност е 2,3°.[2]

Проценетите маси на b - f се во распон меѓу масите на Земјата и Нептун. Нивните проценети густини, се помали од онаа на Земјата, што наведува дека ниедна од нив нема состав налик на Земјата,[8]дополнително предвидена е значителна атмосфера од водород/хелиум за планетите c, d, e, f и g, додека пак планетата b можно е да е обвиена од атмосфера на водород во вид на пареа.[9][10] Малите густини најверојатно произлегуваат од големозафатните атмосфери кои ги обвиваат јадрата од железо, камен, а можеби и H2O.[10][11] Внатрешните чинители на системот Kepler-11 во тој период беа најдобро изучените и разбрани вонсончеви планети помали од Нептун.[12] Моментално, набљудувањата не даваат цврсти докази за ограничувањата на масата на планетата g (<25 ME).[9]Сепак, изучувањата на создавањето и развојот наведуваат дека масата на планетата g не поголема од околу 7 ME.[10]

Планетите на Кеплер-11 се создале in situ (т.е., во местата каде што се сега) или пак се создале подалеку од ѕвездата и полека мигрирале преку гравитациони заемнодејатва со гасовитиот протопланетарен диск. Второво сценарио предвидува дека значителен дел од планетарната маса е H2O.[10] Без разлика на сценариото на создавање, гасовитата компонента на планетите е само 20% од нивните маси, но е за ≈40 до ≈60% од нивните полупречници.

Овој систем е еден од најкомпактните, орбитите напланетите b - f лесно ќе ги собере во орбитата на Меркур, а g ќе биде малку надвор од истата. И покрај ваквите блиски орбити, динамичките интегрирања укажуваат дека системот има потенцијал да биде стабилен во временски периоди подолги од милијарди години.[2]

Ниту една од планетите не е во нискоодносна орбитални резонанции, при што повеќето планети се гравитационо сврзани и се стабилизираат меѓусебно, што доведува доедноставни односи на нивните орбитални периоди.[11] Сепак, b и c се блиску до однос 5:4.[2]

Можно е да постојат и други планети во системот кои не минуваат пред ѕвездата, но тие може да се забележат со употреба на гравитационите ефекти од движењето на планетите околу ѕвездата (на начин како што беше откриен и Нептун).

Планета Маса
(ME)
Полупречник
(RE)
Густина
(g/cm3)
Орбитален период
(d)
Голема полуоска
(АЕ)
Занесување Наклон
(°)
Забележана
година
b 1.9+1.4
−1.0
1.8+0.03
−0.05
1.72+1.25
−0.91
10.3039+0.0006
−0.0010
0.091+0.001
−0.001
0.045+0.068
−0.042
89.64+0.36
−0.18
2011[9]
c 2.9+2.9
−1.6
2.87+0.05
−0.06
0.66+0.66
−0.35
13.0241+0.0013
−0.0008
0.107+0.001
−0.001
0.026+0.063
−0.013
89.59+0.41
−0.16
2011[9]
d 7.3+0.8
−1.5
3.12+0.06
−0.07
1.28+0.14
−0.27
22.6845+0.0009
−0.0009
0.155+0.001
−0.001
0.004+0.007
−0.002
89.67+0.13
−0.16
2011[9]
e 8.0+1.5
−2.1
4.19+0.07
−0.09
0.58+0.11
−0.16
31.9996+0.0008
−0.0012
0.195+0.002
−0.002
0.012+0.006
−0.006
89.89+0.02
−0.02
2011[9]
f 2.0+0.8
−0.9
2.49+0.04
−0.07
0.69+0.29
−0.32
46.6888+0.0027
−0.0032
0.250+0.002
−0.002
0.013+0.011
−0.009
89.47+0.04
−0.04
2011[9]
g <25 3.33+0.06
−0.08
<4 118.3807+0.0010
−0.0006
0.466+0.004
−0.004
<0.15 89.87+0.05
−0.06
2011[9]
Kepler-11 side view with solar system.svg
За споредба релативна големина и местоположба на 6-те планети на Кеплер-11, и највнатрешниот дел на Сончевиот систем.
Полупречниците на планетите (но не и на ѕвездите) се во размер 50.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia Data Release 2 catalog entry
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Lissauer, Jack J.; Fabrycky, Daniel C.; Ford, Eric B.; Borucki, William J.; Fressin, Francois; Marcy, Geoffrey W.; Orosz, Jerome A.; Rowe, Jason F.; и др.. A closely packed system of low-mass, low-density planets transiting Kepler-11. „Nature“ том  470 (7332): 53–58. doi:10.1038/nature09760. PMID 21293371. Bibcode2011Natur.470...53L. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Bedell, Megan; Bean, Jacob L.; Meléndez, Jorge; Mills, Sean M.; Fabrycky, Daniel C.; Freitas, Fabrício C.; Ramírez, Ivan; Asplund, Martin; и др.. Kepler-11 is a Solar Twin: Revising the Masses and Radii of Benchmark Planets via Precise Stellar Characterization. „The Astrophysical Journal“ том  839 (2): 94. doi:10.3847/1538-4357/aa6a1d. Bibcode2017ApJ...839...94B. http://iopscience.iop.org/article/10.3847/1538-4357/aa6a1d/meta. 
  4. „Kepler-11“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. конс. 2018-05-09.  (англиски)
  5. Michael Mewhinney; Rachel Hoover; Trent J. Perrotto (2 February 2011). „NASA's Kepler Spacecraft Discovers Extraordinary New Planetary System“. NASA. конс. 4 February 2011. 
  6. Fraser Cain. „How Old is the Sun?“, „Universe Today“, 16 септември 2008 (посет. 19 февруари 2011 г).
  7. Fraser Cain. „Temperature of the Sun“, „Universe Today“, 15 септември 2008 (посет. 19 февруари 2011 г).
  8. Boyle, Alan. „Planetary six-pack poses a puzzle“, „MSNBC Cosmic Log“, 2 февруари 2011 (посет. 4 февруари 2011 г).
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 Lissauer, Jack J.; Jontof-Hutter, Daniel; Rowe, Jason F.; Fabrycky, Daniel C.; Lopez, Eric D.; Agol, Eric; Marcy, Geoffrey W.; Deck, Katherine M.; и др.. All Six Planets Known to Orbit Kepler-11 Have Low Densities. „The Astrophysical Journal“ том  770 (2): 131. doi:10.1088/0004-637X/770/2/131. Bibcode2013ApJ...770..131L. http://iopscience.iop.org/article/10.1088/0004-637X/770/2/131/meta. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 D'Angelo, G.; Bodenheimer, P.. In Situ and Ex Situ Formation Models of Kepler 11 Planets. „The Astrophysical Journal“ том  828 (1): id. 33 (32 pp.). doi:10.3847/0004-637X/828/1/33. Bibcode2016ApJ...828...33D. 
  11. 11,0 11,1 Naeye, Robert. „Kepler's Outrageous System of Six Planets“, „Sky & Telescope“, 2 февруари 2011 (посет. 4 февруари 2011 г).
  12. John Matson (2 February 2011). A Wealth of Worlds: Kepler Spacecraft Finds 6 New Exoplanets and Hints at 1,200 More. Scientific American. конс. 20 February 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Kepler-11

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001900000019ч &1000000000000004800000048м &1000000000000276200000027,62с, +&1000000000000004100000041° &1000000000000005400000054′ &1000000000000032900000032,9″