Тета Лебед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тета Лебед
Cygnus constellation map mk.svg
Red circle.svg
Местоположба на Тета Лебед (заокружена)
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 36м &1000000000265343600000026,53436с[1]
Деклинација +50° 13′ &1000000000015964600000015,9646″[1]
Прив. величина (V) 4,490[2]/13,03[3]
Особености
Спектрален тип F3 V[4] + M3 V[5]
U−B Боен показател –0,03[6]
B−V Боен показател +0,38[6]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)–27,4[2] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: –8,87[1] млс/г
Дек.: +262,45[1] млс/г
Паралакса (π)54.54 ± 0.15[1] млс
Оддалеченост59,8 ± 0,2 сг
(18,34 ± 0,05 пс)
Апсолутна величина (MV)3,14[2]
Податоци
θ Лебед A
Маса1,35 - 1,39[7] M
Полупречник1,49 ±0,002[7] R
Површ. грав. (log g)4,23 ±0,03[7]
Сјајност4,265 ±0,090[8] L
Температура6.697±78[7] K
Вртежна брзина (v sin i)7[9] км/с
Старост1,0 - 1,6[7] Гг.
θ Лебед B
Маса0,35[10] M
Полупречник0,36[7] R
Сјајност0,01[7] L
Температура3.000 - 3.500[7] K
Податоци
GSC 03564-00642
Полупречник0.28[7] R
Сјајност0.013[7] L
Температура3,700[7] K
Други ознаки
13 Cyg, θ Cyg, BD+49 3062, GJ 765, HD 185395, HR 7469, SAO 31815, HIP 96441
Наводи во бази
SIMBAD— θ Лебед
— θ Лебед B
— θ Лебед C
— θ Лебед D
— GJ 765B
— GSC 03564-00642

Тета Лебед (θ Лебед, θ Cygni, θ Cyg) — ѕвезда во соѕвездието Лебед. Има привидна величина од 4,5, што значи дека е видлива со голо око при достатно темно небо. Според паралаксата утврдено е дека се наоѓа на далечина од 59,8 светлосни години (18,3 парсеци) од Земјата. Се претпоставува дека е домаќин на планета.

Особини[уреди | уреди извор]

Спектарот на главната ѕвезда укажува дека таа ѝ припаѓа на класата F3 V.[4] Сјајносната класа V се однесува на категорија ѕвезди од т.н. „главна низа“, кои, како и Сонцето, создаваат енергија по пат на нуклеарна фузија на водород во нивните јадра. Надворешната обвивак на оваа ѕвезда зрачи 4,2 пати посјајно од Сонцето, со делотворна температура од 6.381 K,[8] давајќи ѝ жолто-бел сјај типичен за ѕвездите од типот F.[11] Тета Лебед е поголема од Сонцето, со 38 %[10] поголема маса и 58 %[12] поголем полупречник. Се проценува дека е стара помеѓу 0,6 и 1,9 милијарди години.[13]

Придружнички[уреди | уреди извор]

θ Лебед има неколку побледи придружни ѕвезди. Најблиска е θ Лебед B — црвено џуџе со величина 13 на растојание од 3", во орбита околу главната ѕвезда на растојание од 46 ае. Друга ѕвезда се смета за оптичка придружничка — со величина 12 на растојание од околу една лачна минута, со назнаката C. Составницата D е ѕвезда со величина 12,5, и исто така се смета за оптичка придружничка. GJ 765B има величина од 13 и се смета за придружничка во облик на подџуџе. GSC 03564-00642 е црвено џуџе, исто така е со величина 13, и придружна на θ Лебед со заедничко сопствено движење.[7]

θ Лебед B има привидна величина од 13,03,[3] што е преслабо за да се забележи без телескоп. Припаѓа на класата M3 V[5] и е со процената маса една третина од Сончевата.[10] θ Лебед A и B заедно патуваат низ вселената со голема стапка на сопствено движење од 0,261 лачни секунди годишно, или 0,4° по век.[3] Можно е самата θ Лебед B is да е близок двоец од две црвени џуџиња, во кој случај тие поединечно би биле послаби и помалку масивни од единечната ѕвезда.[7]

Можна планета[уреди | уреди извор]

Колебањата во радијалната брзина на Тета Лебед забележани од ELODIE[10] укажуваат на можен пертурбирачки планетарен објект кој двапати помасивен од Јупитер, кој прави круг околу главната ѕвезда за 150 дена.[10] Оваа вонсончева планета сè уште не е сосема потврдена. ВО Ликовата опсерваторија се добиени наоди за разлики во радијалната брзина во овој период како и во годишни истозначници, но овие сигнали немаат постигнато статистичка значајност.[14]

Планетарен систем Тета Лебед
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b (непотврдено) ≈2,3 MJ 0,635 154,5 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 van Leeuwen, F. (November 2007), „Validation of the new Hipparcos reduction“, Astronomy and Astrophysics, 474 (2): 653–664, arXiv:0708.1752, Bibcode:2007A&A...474..653V, doi:10.1051/0004-6361:20078357
  2. 2,0 2,1 2,2 Holmberg, J.; Nordstrom, B.; Andersen, J. (July 2009), „The Geneva-Copenhagen survey of the solar neighbourhood. III. Improved distances, ages, and kinematics“, Astronomy and Astrophysics, 501 (3): 941–947, arXiv:0811.3982, Bibcode:2009A&A...501..941H, doi:10.1051/0004-6361/200811191
  3. 3,0 3,1 3,2 Lépine, Sébastien; Shara, Michael M. (March 2005), „A Catalog of Northern Stars with Annual Proper Motions Larger than 0.15" (LSPM-NORTH Catalog)“, The Astronomical Journal, 129 (3): 1483–1522, arXiv:astro-ph/0412070, Bibcode:2005AJ....129.1483L, doi:10.1086/427854
  4. 4,0 4,1 Eggen, O. J. (1962), „Space-velocity vectors for 3483 stars with proper motion and radial velocity“, Royal Observatory Bulletin, 51: 79, Bibcode:1962RGOB...51...79E
  5. 5,0 5,1 Haas, Michael Robert; и др. (January 2011), „Public Kepler Data on the Bright Star Theta Cygni“, Bulletin of the American Astronomical Society, 43: 140.07, Bibcode:2011AAS...21714007H
  6. 6,0 6,1 Nicolet, B. (1978), „Photoelectric photometric Catalogue of homogeneous measurements in the UBV System“, Astronomy and Astrophysics Supplement Series, 34: 1–49, Bibcode:1978A&AS...34....1N
  7. 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 Guzik, J. A.; и др. (2016). „Detection of Solar-like Oscillations, Observational Constraints, and Stellar Models for θ Cyg, the Brightest Star Observed by the Kepler Mission“. The Astrophysical Journal. 831 (1). 17. arXiv:1607.01035. Bibcode:2016ApJ...831...17G. doi:10.3847/0004-637X/831/1/17.
  8. 8,0 8,1 Boyajian, Tabetha S.; и др. (February 2012), „Stellar Diameters and Temperatures. I. Main-sequence A, F, and G Stars“, The Astrophysical Journal, 746 (1): 101, arXiv:1112.3316, Bibcode:2012ApJ...746..101B, doi:10.1088/0004-637X/746/1/101. See Table 10.
  9. Bernacca, P. L.; Perinotto, M. (1970), „A catalogue of stellar rotational velocities“, Contributi Osservatorio Astronomico di Padova in Asiago, 239 (1): 1, Bibcode:1970CoAsi.239....1B
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Desort, M.; и др. (November 2009), „Extrasolar planets and brown dwarfs around A-F type stars. VII. θ Cygni radial velocity variations: planets or stellar phenomenon?“, Astronomy and Astrophysics, 506 (3): 1469–1476, arXiv:0908.4521, Bibcode:2009A&A...506.1469D, doi:10.1051/0004-6361/200911731
  11. „The Colour of Stars“, Australia Telescope, Outreach and Education, Commonwealth Scientific and Industrial Research Organisation, December 21, 2004, Посетено на 2012-01-16
  12. Takeda, Genya; и др. (2007), „Structure and Evolution of Nearby Stars with Planets. II. Physical Properties of 1000 Cool Stars from the SPOCS Catalog“, The Astrophysical Journal Supplement Series, 168 (2): 297–318, arXiv:astro-ph/0607235, Bibcode:2007ApJS..168..297T, doi:10.1086/509763
  13. Cunha, Katia; и др. (February 2000), „A Uniform Analysis of Boron in F and G Disk Dwarfs fromHubble Space Telescope Archival Spectra“, The Astrophysical Journal, 530 (2): 939–948, Bibcode:2000ApJ...530..939C, doi:10.1086/308415
  14. Howard, Andrew W.; Fulton, Benjamin J. (2016). „Limits on Planetary Companions from Doppler Surveys of Nearby Stars“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 128 (969). 114401. arXiv:1606.03134. Bibcode:2016PASP..128k4401H. doi:10.1088/1538-3873/128/969/114401.