N6946-BH1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
N6946-BH1
PIA21467.jpg
Овој пар на слики во видлива и близуинфрацрвена светлина од вселенкиот телескоп Хабл ја прикажува џиновската ѕвезда N6946-BH1 пред и по исчезнувањето кога имплодирала во црна дупка.
Податоци од набљудување
Епоха J2000.0      Рамноденица J2000.0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 35м &1000000000000275600000027,56с[1]
Деклинација +60° 08′ &1000000000000082900000008,29″[1]
Привидна величина (V)18,17 (max)[2]
Особености
Променлив типсомнеж неуспешна супернова[2]
Астрометрија
Растојание5.960.000[2] pc
Податоци
Маса25[1] M
Сјајност200.000 - ~1.000.000[1] L
Наводи во бази
SIMBAD— податоци

N6946-BH1 — исчезнувачки црвен суперџин во галаксијата, NGC 6946, на северната граница на соѕвездието Лебед. Ѕвездата имала 25 пати поголема маса од сонцето и е на растојание од 20 милиони светлосни години од Земјата. Во март па се до мај 2009 година нејзиниот болометриски сјај се зголемила за најмалку милион пати од сјајноста на Сонцето, и до 2015 година не можела да се забележи со оптички инструменти. Во средно и близу инфрацрвено се уште може да се забележи тело, сепак, и тоа ја губи сјајноста со стапка пропорционална на t−4/3. Сјајноста не била доволна за да стане супернова, па затоа е наречена неуспешна супернова.[1]

Координатите на ѕвездата биле ректасцензија 20ч 35м &1000000000000275600000027,56с и деклинација +60° 08′ &1000000000000082900000008,29″. Сјајноста на ѕвездата, според привидната величина во различни подрачја на бои ма 2 јули 2005 година се: R = 21, V = 21, B = 22, U = 23.[1] Пред да дојде до избликот на сјајност ѕвездата беше околу 100.000 посветла од Сонцето. По избликот на сјајност, таа не можела да се забележи во видливото подрачје и нејзинот сјај во инфрацрвеното подрачје се намалил за 5000 пати.[1]

Неуспешната супернова N6946-BH1 (уметнички приказ).

Една претпоставка е дека јадрото на ѕвездата колабирало и станало црна дупка. Материјата која колабирала создала изблик на неутрина што ја намалило вкупната маса на ѕвездата за дел од процент. Ова предизвикало ударниот бран кој избил од површината на ѕвездата, направил таа да биде посјајна.[3] По идејата дека црните дупки се создаваат по експлозии на супернови, имало повеќе докази кои укажувале за таквата судбина на N6946-BH1, која директно колабирала во црна дупка.[4]

Набљудуваните супернови од тип II не потекнуваат од ѕвезди чии почетни маси се поголеми од околу 18 M, и стапката со која се создаваат масивни ѕвезди значително ја надминува онаа на експлозии на супернови. очекувањата се дека нешто друго се случува со овие дополнителен број на големи ѕвезди. неуспешните супернови и создавањето на црни дупки е едно од понудените решенија на проблемот.[1] Ако овој настан навистина е создавање на црна дупка, ќе биде првпат да се создаде црна дупка во период кога тоа создавање е набљудувано.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Adams, S. M.; Kochanek, C. S; Gerke, J. R.; Stanek, K. Z.; Dai, X. (9 септември 2016 г). The search for failed supernovae with the Large Binocular Telescope: confirmation of a disappearing star. doi:10.1093/mnras/stx816. Bibcode2017MNRAS.468.4968A. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Gerke, J. R.; Kochanek, C. S.; Stanek, K. Z.. The search for failed supernovae with the Large Binocular Telescope: First candidates. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  450 (3): 3289. doi:10.1093/mnras/stv776. Bibcode2015MNRAS.450.3289G. 
  3. Williams, Matt (16 September 2016). „Have we really just seen the birth of a black hole?“. PhysOrg. конс. 16 September 2016. 
  4. „Biography in Context - Document“. link.galegroup.com. конс. 2018-02-11. 
  5. Nowogrodzki, Anna (12 September 2016). „First glimpse of a black hole being born from a star’s remains“. New Scientist. конс. 17 September 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • N6946-BH1 Giant Star Becomes A Black Hole Right Before Our Eyes!