Sh2-106

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Sh2-106
маглина
Sharpless 2-106.jpg
Шарплес 2-106
Податоци од набљудување: епоха J2000.0
ПоттипБиполарна маглина
Ректасцензија20ч 27м &1000000000000027100000027,1с[1]
Деклинација+37° 22′ &1000000000000003900000039″[1]
Оддалеченост2.000 сг   (600 пс)
Привидни димензии (V)3′ × 3′
СоѕвездиеЛебед
ОзнакиS106
Поврзано: Списоци на маглини

Sh2-106[2]оддавна маглина и ѕвездородна област во соѕвездието Лебед. Станува збор за H II област чие растојание од Земјата изнесува 2.000 ly (600 pc), во изолирана област од Млечниот пат[2]

Во центарот на маглината е млада и масивна ѕвезда која оддава млазеви топол гас од своите полови, образувајќи ја на тој начин биполарната структура. Правта во околината на ѕвездата е исто така јонизирана. Маглината се протега во распон од 2 светлосни години.[3]

Централна ѕвезда[уреди | уреди извор]

Централната ѕвезда, извор на инфрацрвено зрачење вообичаено се означува со S106 IR или S106 IRS 4, и се верува дека истата е создадена пред 100.000 години.[4] Станува збор за масивна ѕвезда, со маса од 15 сончеви маси. Два млаза од материја се протегаат од половите и топлината од половите ја загрева до температура од 10,000 °C.[3] Правта која не е јонизирана од ѕвездените млазови ја одбива светлината на ѕвездата. Со проценета површинска температура од 37.000°K, и е класифицирана како тип O8. Губи околу 10−6 годишно преку ѕвездените ветришта, eисфрлајќи материјал со брзина од 100 km/s.[5]

Изучувањата на сликите открива дека во ѕвездородната област се создадени стотици маломасени кафеави џуџиња[4] и протоѕвезди.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „SH 2-106“. СИМБАД астрономска база на податоци. конс. 2013-01-13. 
  2. 2,0 2,1 NASA, ESA, and the Hubble Heritage Team (STScI/AURA) (6 Dec 2011). „Hubble Serves Up a Holiday Snow Angel“. конс. 13 Jan 2013. 
  3. 3,0 3,1 „Young star rebels against its parent cloud“. 15 Dec 2011. конс. 13 Jan 2013. 
  4. 4,0 4,1 Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (7 Nov 2011). „Star Forming Region S106“. Астрономска слика на денот. НАСА. конс. 13 Jan 2013.  (англиски)
  5. Bally, J.; Snell, R.L.; Predmore, R. (1 септември 1983 г). Radio images of the bipolar H II region S106. „Astrophysical Journal, Part 1“ том  272: 154–162. doi:10.1086/161272. ISSN 0004-637X. Bibcode1983ApJ...272..154B. 
  6. Oasa, Yumiko; Tamura, Motohide; Nakajima, Yasushi; Itoh, Itoh; Maihara, Toshinori; Iwamuro, Fumihiko; Motohara, Kentaro; Saeko, S.; и др. (март 2006 г). Very Low Luminosity Young Cluster and the Luminosity and Mass Functions in S106. „The Astronomical Journal“ том  131 (3): 965–978. doi:10.1086/500086. Bibcode2006AJ....131.1608O. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]