Кеплер-80

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кеплер-80
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 44м &1000000000027020100000027,0201с[1]
Деклинација 39° 58′ &1000000000043593800000043,5938″[1]
Привидна величина (V)14,804
Особености
Спектрален типM0V[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) RA: −1.380±0.037[1] mas/yr
Dec.: −7.185±0.046[1] mas/yr
Паралакса (π)2.6780 ± 0.0210[1] mas
Растојание1218 ± 10 ly
(373 ± 3 pc)
Податоци
Маса0,730 M
Полупречник0,678 R
Сјајност0,170 L
Температура4.540 K
Вртење25.567±0.252 days[3]
Други ознаки
KOI-500, KIC 4852528, 2MASS J19442701+3958436
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Кеплер-80 или KOI-500црвено џуџе од спектрален тип M0V.[2] Оваа ѕвездена класификација ја сместува Кеплер-80 меѓу честите, ладни, ѕвезди од класата М кои се уште се во главната развојна фаза, позната како главна низа. Кеплер-80, како и останатите црвени ѕвезди, е помала од Сонцето, и има полупречник, маса, температура и сјајност помали од сончевата.[4] Кеплер-80 се наоѓа приближно на растојание од 1.218 светлосни години од Сончевиот Систем, во соѕвездието Лебед.

Системот Кеплер-80 има 6 познати вонсончеви планети.[5][6] Откривањето на петте внатрешни планети беше објавено во октомври 2012 година, со што Кеплер-80 беше првата ѕвезда со пет планети во нејзината орбита.[7][4] Во 2017 година, забележана е дополнителна планета, Кеплер-80g, со употреба на вештачка интелегенција и Длабинско учење за анализа на податоците добиени од вселенското летало Кеплер.[6] Методот со кој е забележана планетата Кеплер-80g бил развиен од Гугл, aи во текот на истото истражување била најдена уште една планета, Кеплер-90i, што го доведе вкупниот број на забележани планети в системот Кеплер-90 на 8 планети.[8]

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Вонсончевите планети околу Кеплер-80 биле забележани со помош на вселенското летало Кеплер. Овој телескоп го користи т.н. метод на премин, каде планетите се движат помеѓу ѕвездата и Земјата и со тоа ја затемнуваат сјајноста на ѕвездата гледано од Земјата. Со употреба на фотометрија преминот на планета пред ѕвездата може да се види како пад на светлосната крива на ѕвездта. По откривањето на петте највнатрешни планети, истите се потврдени со употреба на дополнителни методи. Кеплер-80b и Кеплер-80c биле потврдени во 2013 врз основа на методот на временски променливи премини.[9] Кеплер-80d и Кеплер-80e биле потврдени во 2014 година врз основа на статистичките анализи на податоците добиени од Кеплер.[10][11] Конечно највнатрешната планета, Кеплер-80f била потврдена во 2016 година.[11]

Сите шест познати планети во системот Кеплер-80 се во орбита блиска до Земјата, и нивните растојанија до ѕвездата (големи полуоски) се помали од 0,2 АЕ. За споредба најблиската планета до нашето Сонце, Меркур, има големаполуоска од 0,389 AU, па така целовкупниот систем Кеплер-80 се наоѓа во орбитата на Меркур.[12] Ова го прави системот Кеплер-80, многу збиен систем и е еден од многуте такви системи откриени од страна на Кеплер.[7]

Планетарен систем Кеплер-80[13][6][14][15][16]
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
f 0,0175 ± 0,0002 0,98678730 ± 0,00000006 ~0 86,50 +2.36
−2.59
°
1,21 +0.06
−0.05
 R
d 6,75 +0.69
−0.51
 M
0,0372 ± 0,0005 3,0722 +0.00006
−0.00004
~0 88,35 +1.12
−1.51
°
1,53 +0.09
−0.07
 R
e 4,13 +0.81
−0.95
 M
0,0491 ± 0,0007 4,6449 +0.00020
−0.00019
~0 88,79 +0.84
−1.07
°
1,60 +0.08
−0.07
 R
b 6,93 +1.05
−0.070
 M
0,0658 ± 0,0009 7,0525 +0.00020
−0.00022
~0 89,34 +0.46
−0.62
°
2,67 ± 0,10 R
c 6,74 +1.23
−0.86
 M
0,0792 ± 0,0011 9,52355 +0.00041
−0.00029
~0 89,33 +0.47
−0.57
°
2,74 +0.12
−0.10
 R
g 0,142 +0.037
−0.051
14,64558 ± 0,00012 89,35 +0.47
−0.98
°
1,13 ± 0,14 R

Орбитална резонанција[уреди | уреди извор]

Кеплер-80 d, e, b, c и g имаат орбити во резонанција. Нивните периоди се во однос ~ 1.000 : 1.512 : 2.296 : 3.100 : 4.767, ззаедно во појдовен систем кој се врти однсосот се сведува на 4:6:9:12:18.Резонанциите на d и e, e и b, b и c, и c и g се случуваат на релативни интервали од 2:3:6:6 шаблон што се повторува на секои 191 ден. Либрациите на можните резонанции на три тела имаат замави од околу 3 степени, и моделирањето укажува на тоа дека резонантниот систем е стабилен на превирања. Не постојат тројни резонанси.[6][14]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  2. 2,0 2,1 „Kepler-80“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. конс. 10 January 2017.  (англиски)
  3. McQuillan, A.; Mazeh, T.; Aigrain, S.. Stellar Rotation Periods of The Kepler objects of Interest: A Dearth of Close-In Planets Around Fast Rotators. „The Astrophysical Journal Letters“ том  775 (1): L11. doi:10.1088/2041-8205/775/1/L11. Bibcode2013ApJ...775L..11M. 
  4. 4,0 4,1 MacDonald, Mariah G.; Ragozzine, Darin; Fabrycky, Daniel C.; Ford, Eric B.; Holman, Matthew J.; Isaacson, Howard T.; Lissauer, Jack J.; Lopez, Eric D.; и др. (октомври 2016 г). A DYNAMICAL ANALYSIS OF THE KEPLER-80 SYSTEM OF FIVE TRANSITING PLANETS. „The Astronomical Journal“ том  152 (4): 105. doi:10.3847/0004-6256/152/4/105. ISSN 1538-3881. 
  5. Xie, J.-W.. Transit timing variation of near-resonance planetary pairs: confirmation of 12 multiple-planet systems. „Astrophysical Journal Supplement Series“ том  208 (2): 22. doi:10.1088/0067-0049/208/2/22. Bibcode2013ApJS..208...22X. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Shallue, C. J.; Vanderburg, A. (2017 г). Identifying Exoplanets With Deep Learning: A Five Planet Resonant Chain Around Kepler-80 And An Eighth Planet Around Kepler-90. „The Astrophysical Journal“ том  155 (2): 94. doi:10.3847/1538-3881/aa9e09. Bibcode2018AJ....155...94S. https://www.cfa.harvard.edu/~avanderb/kepler90i.pdf. посет. 15 декември 2017 г. 
  7. 7,0 7,1 Ragozzine, Darin; Kepler Team (1 октомври 2012 г). The Very Compact Five Exoplanet System KOI-500: Mass Constraints from TTVs, Resonances, and Implications. „Aas/Division for Planetary Sciences Meeting Abstracts #44“ том  44: 200.04. Bibcode2012DPS....4420004R. 
  8. St. Fleur, Nicholas. „An 8th Planet Is Found Orbiting a Distant Star, With A.I.'s Help“, „The New York Times“, 14 декември 2017 (посет. 15 декември 2017 г).
  9. Xie, Ji-Wei; Wu, Yanqin; Lithwick, Yoram (25 јуни 2014 г). FREQUENCY OF CLOSE COMPANIONS AMONGKEPLERPLANETS—A TRANSIT TIME VARIATION STUDY. „The Astrophysical Journal“ том  789 (2): 165. doi:10.1088/0004-637x/789/2/165. ISSN 0004-637X. 
  10. Lissauer, Jack J.; Marcy, Geoffrey W.; Bryson, Stephen T.; Rowe, Jason F.; Jontof-Hutter, Daniel; Agol, Eric; Borucki, William J.; Carter, Joshua A.; и др. (4 март 2014 г). VALIDATION OFKEPLER'S MULTIPLE PLANET CANDIDATES. II. REFINED STATISTICAL FRAMEWORK AND DESCRIPTIONS OF SYSTEMS OF SPECIAL INTEREST. „The Astrophysical Journal“ том  784 (1): 44. doi:10.1088/0004-637x/784/1/44. ISSN 0004-637X. 
  11. 11,0 11,1 Rowe, Jason F.; Bryson, Stephen T.; Marcy, Geoffrey W.; Lissauer, Jack J.; Jontof-Hutter, Daniel; Mullally, Fergal; Gilliland, Ronald L.; Issacson, Howard; и др. (4 март 2014 г). VALIDATION OFKEPLER'S MULTIPLE PLANET CANDIDATES. III. LIGHT CURVE ANALYSIS AND ANNOUNCEMENT OF HUNDREDS OF NEW MULTI-PLANET SYSTEMS. „The Astrophysical Journal“ том  784 (1): 45. doi:10.1088/0004-637x/784/1/45. ISSN 0004-637X. 
  12. „Mercury Fact Sheet“. nssdc.gsfc.nasa.gov. конс. 2019-04-14. 
  13. „OASIS“. Abstractsonline.com. конс. 2012-11-22. 
  14. 14,0 14,1 MacDonald, Mariah G.; Ragozzine, Darin; Fabrycky, Daniel C.; Ford, Eric B.; Holman, Matthew J.; Isaacson, Howard T.; Lissauer, Jack J.; Lopez, Eric D.; и др. (1 јануари 2016 г). A Dynamical Analysis of the Kepler-80 System of Five Transiting Planets. „The Astronomical Journal“ том  152 (4): 105. doi:10.3847/0004-6256/152/4/105. Bibcode2016AJ....152..105M. http://stacks.iop.org/1538-3881/152/i=4/a=105. 
  15. „Kepler-80 g“. NASA Exoplanet Archive. конс. 14 December 2017. 
  16. „Kepler-80“. NASA Exoplanet Archive. конс. May 9, 2018.