Кеплер-69

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Kepler-69
Kepler-69 and the Solar System.jpg
Споредба на системот Кеплер-69 и Сончевиот Систем
Податоци од набљудување
Епоха       Рамноденица
Соѕвездие Лебед[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10][11]
Ректасцензија 19ч 33м &1000000000002630500000002,6305с[12]
Деклинација +44° 52′ &1000000000008020300000008,0203″[12]
Привидна величина (V)13,7[1]
Особености
Спектрален типG4V[1]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)−38.7±0.1[1] km/s
Сопствено движење (μ) RA: −9.704±0.027[12] mas/yr
Dec.: −6.707±0.028[12] mas/yr
Паралакса (π)1.3399 ± 0.0142[12] mas
Растојание2430 ± 30 ly
(746 ± 8 pc)
Податоци
Маса0.810+0.090
−0.081
[1] M
Полупречник0.93+0.018
−0.012
[1] R
Површ. грав. (log g)4.40±0.15[1]
Температура5638±168[1] K
Други ознаки
KIC 8692861, KOI-172
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Енциклопедија на
вонсончеви планети
податоци

Кеплер-69 (KOI-172, 2MASS J19330262+4452080, KIC 8692861) — жолто џуџе слично на Сонцето во соѕвездието Лебед, на растојание 2,430 сг (750 пс) од Земјата. На 18 април, 2013 беше објавено дека ѕвездата има две планети.[1][2] Првичните пресметки покажувале деја земјовидната планета Кеплер-69c можное да е во зоната погодна за живот, понатамошните анализи покажале дека планетате веројатно е во близина на зоната погодна за живот и е повеќе налик на Венера со што е непогодна за живот.[11]

Номенклатура и историја[уреди | уреди извор]

Пред набљудувањето од Кеплер, Кеплер-69 имала2MASS каталошки број 2MASS J19330262+4452080. Во Внесниот каталог на Кеплер ја има ознаката KIC 8692861, а кога беше утврдено дека има планетарни кандидати и беше доделена ознаката KOI-172.

Вселенското летало Кеплер и неговата мета за потрага во Млечниот Пат.

Кандидатите за планети биле забележани од вселенското летало Кеплер дел од мисиите на НАСА, со цел да се откријат планети премин околу матичните ѕвезди.Овие падови во сјајноста може да се протолкуваат како планети чии орбити минуваат пред нивните матични ѕвезди гледано од Земјата, иако постои можност и други појави да бидат причина за падот на сјајноста, па од оваа причина се користи поимот планетарен кандидат. По одобрувањето на трудот за откритието, ејипата поврзана со Кеплер дала дополнителни податоци за системот „Кеплер-69“. Откривачите ја именувале ѕвездата Кеплер-69, што била воспоставен процедура за именувањето на вонсончевите планети откриени од страна на самата мисија. Па така, ова е името користено од јавноста за именување на системот и неговите планети.

Планетарните кандидати кои се дел од ѕвездите цел на мисијата Кеплер се означуваат со ознаките „.01“, „.02“, „.03“ и.т.н.. по името на ѕвездата, по редослед на забележување.[13]Ако планетарните кандидати се забележани едновремено, подредувањето следи по редоследот на орбиталните периоди од најкусиот кон најдолгиот орбитален период. Следејќи ги овие правила, биле забележани два планетарни кандидати, кои се именувани соодветно со ознаките b и c.

Ѕвездени карактеристики[уреди | уреди извор]

Кеплер-69 е ѕвезда од спектрален тип G со маса приближно 81% од масата и полупречник 93% од полупречникот на Сонцето. Површинската температура изнесува 5.638 ± 168 K. За споредба, Сонцето има површинска температура од 5.778 K.[14]

Со привидна величина, изнесува 13,7,[1] со, што Кеплер-69 е премногу темна ѕвезда за да се види со човековото око.

Планетарен систем[уреди | уреди извор]

Планетарен систем Кеплер-69
Прудружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(дена)
Занесување Наклон Полупречник
b M 0.094+0.023
−0.016
13.722341+0.000035
−0.000036
0.16+0.17
−0.0010
89.62+0.26
−0.45
°
2.24+0.44
−0.29
 R
c M 0.64+0.15
−0.11
242.4613+0.0059
−0.0064
0.14+0.18
−0.10
85.85+0.03
−0.08
°
1.71+0.34
−0.23
 R

Кеплер-69 има две познати планети во орбита.[1] Кеплер-69b е жешка вонсончева планета,суперземја. Кеплер-69c е вонсончева суперземја, околу 70% поголема од Земјата. Оваа планета прифаќа сличен флукс како и Венера од Сонцето, па веројатно станува збор за супервенера.[11]

Кеплер-69c - вонсончева планета налик на Венера во орбита на свезда налик на Сонцето
Кеплер-69c, вонсончева планета, суперземја во орбита околу Кеплер-69, ѕвезда налик на Сонцето.
Споредба на вонсончевите планети - Кеплер-69c, Кеплер-62e, Кеплер-62f и Земјата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Barclay, Thomas. A super-Earth-sized planet orbiting in or near the habitable zone around Sun-like star. „The Astrophysical Journal“ том  768 (2): 101. doi:10.1088/0004-637X/768/2/101. Bibcode2013ApJ...768..101B. 
  2. 2,0 2,1 Johnson, Michele; Harrington, J.D. (18 April 2013). „NASA's Kepler Discovers Its Smallest 'Habitable Zone' Planets to Date“. NASA. конс. 18 April 2013. 
  3. Overbye, Dennis. „2 Good Places to Live, 1,200 Light-Years Away“, New York Times, 18 април 2013 (посет. 18 април 2013 г).
  4. Staff (January 7, 2013). „Kepler KOI Search Results for KOI-172.02“. Space Telescope Science Institute. конс. January 11, 2013. 
  5. Staff. „NASA Exoplanet Archive-KOI-172.02“. Caltech. конс. January 11, 2013. 
  6. Graham, Keith P. (2008). „Star Finder for KIC=8692861“. CThreePO.com. Архивирано од изворникот на November 2, 2013. конс. January 11, 2013. 
  7. Harrington, J. D.; Johnson, Michele (January 7, 2013). „NASA'S Kepler Mission Discovers 461 New Planet Candidates“. NASA. конс. January 11, 2013. 
  8. Moskowitz, Clara (January 9, 2013). „Most Earth-Like Alien Planet Possibly Found“. Space.com. конс. January 9, 2013. 
  9. Borucki, William J. (20 јули 2011 г). Characteristics of planetary candidates observed by Kepler, II: Analysis of the first four months of data. „The Astrophysical Journal“ том  736: 19. doi:10.1088/0004-637X/736/1/19. Bibcode2011ApJ...736...19B. http://iopscience.iop.org/0004-637X/736/1/19/. посет. 12 јануари 2013 г. 
  10. Johnston, Wm. Robert (October 2, 2011). „List of Extrasolar Planets“. JohnstonArchive.com. конс. January 11, 2013. 
  11. 11,0 11,1 11,2 Kane, Stephen. A Potential Super-Venus in the Kepler-69 System. „The Astrophysical Journal Letters“ том  770 (2): L20. doi:10.1088/2041-8205/770/2/L20. Bibcode2013ApJ...770L..20K. 
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Brown, A. G. A. (август 2018 г). 'Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties. „Astronomy & Astrophysics“ том  616: A1. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Bibcode2018A&A...616A...1G.  Gaia DR2 record for this source at VizieR.
  13. Hessman, F. V.; Dhillon, V. S.; Winget, D. E.; Schreiber, M. R.; Horne, K.; Marsh, T. R.; Guenther, E.; Schwope, A.; и др. (2010). On the naming convention used for multiple star systems and extrasolar planets. „arXiv:1012.0707 [astro-ph.SR]“. 
  14. Fraser Cain (15 September 2008). „Temperature of the Sun“. Universe Today. конс. 19 February 2011. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001900000019ч &1000000000000003300000033м &1000000000000026200000002,62с, +&1000000000000004400000044° &1000000000000005200000052′ &1000000000000008000000008,0″